5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

Лошиот здив по лукот или кромидот не е знак дека треба да се откажете од нив, туку дека е време да го пронајдете соодветниот начин да ја елиминирате непријатната миризба и да продолжите да уживате во оваа здрава храна. Погледнете ги најдобрите и најефикасни 5 начини на кои можете да го сторите тоа…

5 начини на кои можете да ја отстраните непријатната миризба од лук или кромид во вашата уста

1. Вотка

Алкохолот е познат како ефикасно средство за убивање на бактериите кои го создаваат лошиот здив, а исто така и благотворно делува врз смирување на желудникот и киселините во него. Доколку забележите дека вашиот непријатен здив настанува веднаш по оброкот, употребете вотка. Добро жабуркајте  ја во вашата уста, а потоа плукнете или ако ви се допаѓа вкусот, голтнете. Ова можете да го постигнете и со другите алкохолни пијалаци, но само вотката нема да остави непријатна миризба на алкохол зад себе.

2. Сенф

Овој одличен додаток за оброците се покажал и како многу делотворно средство за отстранување на лошиот здив од устата. Тој има силен вкус и токму неговата лутина одлично ги загаснува силните миризби на лукот и кромидот. Постапката е многу едноставна: Откако ќе завршите со оброкот, намачкајте ја вашата уста со една лажица сенф и оставете ја неколку минути. Исплакнете и потоа повторете. Ако ви се допаѓа вкусот на сенф, можете и да го голтнете.

3. Зелен чај

Зелениот чај има многу голем број придобивки. И покрај тоа што одлично го чисти вашето тело од токсини, чајот исто така брзо и ефикасно го отстранува лошиот здив од вашата уста. Состојките во чајот ја неутрализираат непријатната миризба, делуваат благотворно врз вашите заби и непца, како и им помагаат на оние кои имаат проблеми со желудникот. По оброкот доволно е да испиете само една шолја топол или ладен чај. За најголем ефект, исцедете и малку лимон во него.

4. Овошје

Овошјето е уште еден корисен сојузник во борбата со непријатниот здив. Морковите, портокалите и лимоните имаат најголем ефект, па доколку јадете оброк кој изобилува со лук или кромид, најдобро би било доколку за десерт јадете свежо овошје со цел да го отстраните непријатниот мирис во вашата уста.

5. Магдонос

Магдоносот е познат по своите вредни состојки кои одлично делуваат врз здравјето, но и врз елиминирање на непријатниот здив. Сè што треба да направите е да потопите свеж магдонос во оцет и да го посолите. Џвакајте ги листовите околу 1, 2 минути и голтнете. Вие исто така можете да направите и чај од магдонос така што во 470 милилитри вода ќе додадете неколку исечкани листови и 2 зрна каранфил. Подгответе го чајот на оган со средна јачина и откако ќе почне да врие, оставете го да отстои на ринглата уште 5 минути. Потоа исцедете, оставете да се олади и испијте го.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар