5 начини како да останете фокусирани на работата

Автор: Маја Владимирова

Сите имаат моменти кога се расеани и кога не можат да се фокусираат на работата. Но, кога појавата на таквите моменти ќе стане алармантна, треба навреме да се реагира и да се преземат одредени мерки. Иако многумина од нас го почнуваат денот со листа на работи кои треба да се завршат, на крајот не секогаш сите точки на таа листа се пречкртани. Најчеста причина за застој во работата е проблемот да се остане фокусиран. Затоа се одлучивме да ви дадеме 5 совети кои ќе ви помогнат да го задржите вашето внимание на обврските на работа и на она што од вас се очекува да го завршите во текот на денот.5 начини како да останете фокусирани на работата

1. Поделба на работата на помали делови

Научно е докажано дека мозокот може да биде продуктивен при обработка на ограничен проток на информации, во ограничен временски период. Да се работи на една работа преку целиот ден може да биде напорно, монотоно и неефективно, бидејќи после некое време мозокот се заморува и резултатите кои се добиваат нема да бидат ефективни како на почетокот. Затоа, најдобро решение е да се подели работата на помали делови кои би можеле независно да се сработат. При ваквиот начин би можеле повремено да правите паузи со кои би му овозможиле на мозокот да „дишe“ и да се одмори. Така ќе имате чуство како да сте сработeле многу повеќе со што ќе си ја зголемите самодовербата, а и за секоја следна задача ќе бидете одморени и свежи.5 начини како да останете фокусирани на работата

2. Наградете се после секоја успешно завршена работа

Не е лошо повремено да се посетуваат Фејсбук, Твитер и други слични сајтови додека сте на работа за да ги проверите најновите вести поврзани со пријателите, но важно е да не се троши преголем дел од времето на нив, посебно кога ве чека еден куп работа. Нашиот совет е да изберете неколку задачи кои треба да ги завршите за да ја добиете дружбата со пријателите како награда, без разлика дали на некоја од социјалните мрежи или за време на кафе паузата.5 начини како да останете фокусирани на работата

3. Изберете ја вистинската музика

Многумина не можат да си ја замислат работата без музиката која им обезбедува мотивација и инспирација. Ако сте и вие ваков тип луѓе, кои преферираат да слушаат музика додека работат, тогаш внимавајте на неколку детали при изборот. Најпрво немојте да бирате тивка и релаксирачка музика од која ќе ви се приспие или пак музика која ќе ве натера да размислувате за текстот на песната. Музиката треба да биде динамична за да ви даде енергија за работа, но не премногу јака и тешка за да ве измори и да предизвика спротивен ефект од посакуваниот. Бидејќи за вкусови не се дискутира, останува сами да одлучите кој ќе биде вистинскиот музички избор за вас.5 начини како да останете фокусирани на работата

4. Изолирајте се

Сè додека во позадина е вклучен вашиот Фејсбук-профил и додека добивате пораки и нотификации од вашите пријатели, ќе биде вистински предизвик за вас да останете фокусирани на работата. За да можете целосно да се посветите на она што го работите во моментот, понекогаш е најдобро да се „сокриете“ од надворешниот свет. Поставете статус „Invisible“, „Do Not Disturb“ или „Busy“ на социјалните мрежи, а од колегите кои наминуваат до вашето биро, заштитете се со слушалки на ушите кои ќе ги предомислат во намерата да ве зазборат.5 начини како да останете фокусирани на работата

5. Сакајте си ја работата и работете со љубов

Ова е најдобриот начин за да го извлечете најдоброто од себе додека работите. Сите знаеме дека кога се работи на нешто интересно, времето поминува неосетно, додека пак фокусот се губи ако работите нешто што сметате дека е досадно. За да бидете продуктивни, обидете се најпрво да си ја направите работата што е можно поинтересна. Замислете си слика во која вашата задача е завршена или поставете си цел да импресионирате некого, без разлика дали се тоа колегите, вашиот шеф или пак некој друг.5 начини како да останете фокусирани на работата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    Уште да може да најдам работа па да се релаксирам:(

Остави коментар