5 начини да си направите релаксирачки спа-ден во домашни услови

Кога луѓето се постојано зафатени и под стрес знаат многу лесно да заборават на своите потреби. Но, бидејќи ретко кој може да си дозволи слободен викенд за да отиде на луксузен мини спа-одмор, погледнете неколку начини на кои можете сами да си направите свој релаксирачки спа-ден во домашни услови.

1. Масажа за релаксација на мускулите

5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни услови

Сè што треба да направите е да ставите воден пешкир на неколку секунди во микробранова печка и потоа да го наместите на вашиот грб, рамена, врат или која било друга област на која ѝ е потребно внимание. Откако вашите мускули ќе имаат неколку минути за да се стоплат и опуштат, можете да започнете со масажата. Замолете некој од вашите блиски пријатели или партнерот да ви биде масер. Или пак, можете да купите некои од оние направи со кои можете сами да се измасирате, како пенлив валјак или топчиња за масажа.

2. Третман за лице кој ќе ја направи вашата кожа сјајна

5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни услови

Постојат неколку начини на кои можете сами да ја освежите вашата кожа. Дел од нив се со помош на:

Папаја – Ова овошје може да има многу пријатен ефект на вашата кожа. Едноставно отстранете ја пулпата и со внатрешноста на кората измасирајте го вашето лице и врат. Ензимите од папајата ќе ги отстранат мртвите клетки, ќе ја поправат штетата од изложеноста на сонце и ќе направат вашата кожа да изгледа свилено мазна. Оставете ги остатоците од папајата на вашето лице 15-тина минути пред да ги измиете со вода.

Лимон и јогурт – Исцедете еден лимон и додадете му 2 супени лажици јогурт без маснотии. Нанесете ја мешавината на вашето лице и уште веднаш ќе забележите како таа ги намалува црвенилото и точките кои укажуваат на стареење.

Зелен чај – Наместо една чаша чај, овој пат направете две. Едната како и секогаш претходно испијте ја, додека пак во другата потопете неколку крукчиња памук и потоа поставете ги на вашето лице и очи за да се опуштите. Оваа постапка е одличен начин на опуштање која можете да ја применувате секојдневно.

3. Третман за освежување на кожата на целото тело

5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни услови

Најдобриот начин за борба против стресот се третманите кои го хидрираат целото тело и притоа ве освежуваат и ве полнат со енергија. Погледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го сторите тоа…

Кафеав шеќер и мед – Можете да ги додадете овие состојки во зелениот чај или пак директно додадете ги на вашето тело и измасирајте го за да ја отстраните мртвата кожа. На овој начин целосно и длабински ќе ја исчистите и ќе ја направите многу посјајна. Употребете 200 грама кафеав шеќер и доволно мед за да можете лесно да ја триете мешавината на телото.

Кафеав шеќер и грејпфрут – Ако сакате вашата масажа да биде овошна, заменете го медот со грејпфрут. Употребете една половина грејпфрут и уште веднаш по нанесувањето ќе се чувствувате релаксирано, а вашата кожа ќе сјае.

Авокадо и прашок од какао – Мешавината од една половина авокадо и 1 супена лажица какао ќе ѝ овозможи на вашата кожа многу полесно да дише.

4. Маникир и педикир

5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни услови

Употребете некои од претходно споменатите третмани за да ги освежите и вашите дланки. Потоа, со помош на грицкалка за нокти и турпија обликувајте ги онака како што вие сакате. Најтешкиот дел е одбирањето на боја за лак која најмногу ќе ви одговара со изборот на вашата облека. Но, откако ќе ја имате бојата во вашите раце, работите ќе почнат побрзо да се движат. Обојте ги ноктите, а потоа завршете со безбоен лак кој ќе спречи лупење. Потоа преминете и на ноктите на нозете.

5 Ароматерапија за совршен завршеток на денот

5 начини на кои можете да си направите свој релаксирачки спа ден во домашни услови

Понекогаш сè што ви е потребно за да се опуштите и наполните со енергија е едноставното одморање во просторија која е преполна со вашите омилени миризби. Тоа можете многу лесно да го постигнете со масло, свеќи или пак со миризливи стапчиња. Различни ароми можат да ви помогнат да постигнете различни цели. Погледнете дел од нив…

Лаванда – Ве релаксира и ви помага да заспиете

Еукалиптус – Ве полни со енергија

Ѓумбир – Помага при главоболки

Нане – Ве подмладува

Чајно дрво – Одлично за имуниот систем.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар