5 начини да се мотивирате кога се чувствувате мрзливи

Замислете го ова: имате премногу долга листа со обврски кои треба да ги завршите, знаете дека тие зависат од вас, но вие едноставно немате никаква мотивација за нив и тешко ви е да се фокусирате. Ви звучи ли познато? Ако вашиот одговор е да, тогаш треба да знаете дека не сте сами. Искрено, секој има вакви денови. Понекогаш се чувствувате добро, а понекогаш премногу окупирани со обврските, при што ви создаваат полошо расположение, а понекогаш пак едноставно само се чувствувате мрзливи да направите што било. Но, без оглед која е причината што ги одложувате, очигледно е дека во ова вие сте губитникот. Имате две опции помеѓу кои можете да избирате – да седите и само да ја гледате долгата листа со обврски или пак да барате начини да бидете попродуктивни и да се мотивирате. Ако ја изберете втората опција, тогаш вреди да ги погледнете овие совети кои можете да ги искористите.

5 начини да се мотивирате кога се чувствувате мрзливи

1. Отстранете ги преголемите задачи

Големите задачи или големите цели кои сте ги поставиле, изгледаат застрашувачки, особено ако не сте мотивирани. Затоа, обидете се да ги претворите во помали и помалку застрашувачки, кои истовремено ќе ве мотивираат повеќе. На пример, доколку имате обврска да создадете голема презентација за работа, тогаш можете да ја разделите оваа задача на помали чекори и така да започнете со работа. Помалите чекори ќе донесат повеќе мотивација.

2. Размрдајте си го телото

Понекогаш не се чувствувате спремни да направите нешто, само затоа што не правите ништо. Не го размрдувате вашето тело доволно, при што тоа прави да се чувствувате повеќе мрзливи. Па, обидете се да правите некои лесни вежби или пак едноставно да пешачете. Со ова ќе добиете повеќе енергија.

3. Фокусирајте се само на една задача

Ако се чувствувате преокупирани со обврски, тогаш тоа може да ја уништи вашата мотивација. Во овој случај изберете ја најважната задача и трудете се неа да ја завршите. Откако ќе го направите ова, сигурно ќе пронајдете мотивација да се фокусирате и на остатокот од вашата листа. Понекогаш едноставно мора да започнете од некаде.

5 начини да се мотивирате кога се чувствувате мрзливи

4. Направете пауза за да се наполните со енергија

Доколку имате простор, подобро е да се одморите од активностите за кои не сте мотивирани и да го правите она што ве мотивира, со цел да се чувствувате полни со енергија. Правете го ова одредено време и вашето расположение ќе се подобри. Откако ќе го направите тоа, тогаш ќе се вратите на вашата листа со обврски повеќе мотивирани и во подобро расположение.

5. Наградете се

Истражувањата покажуваат дека поголема е веројатноста луѓето да се мотивираат да ги исполнат задачите, доколку имаат одреден поттик. Па, поставете си награда за себе за секоја завршена обврска, па така таа ќе ви изгледа попривлечно.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар