5 начини да почнете да слабеете веднаш

Секој човек што се бори со вишокот килограми знае колку е тешко да се реши овој проблем, па оттука секогаш се добредојдени совети за симнување на килограмите.

Пет начини да почнете да слабеете веднаш

Спрема едно најново истражување, 51% од испитаниците сакаат да го ослабат вишокот килограми, но само половина од нив велат дека се спремни да преземат нешто околу овој проблем. Секој почеток е тежок, а симнувањето на килограмите е долготраен процес во кој често се губи мотивација.

Можеби е време плановите и диетите да ги замените со неколку паметни навики кои со тек на време ќе донесат резултати.

Овесна каша

Покрај тоа што е многу здрав, овесот е подобар од сите други житарки, бидејќи најмногу заситува. Токму поради тоа ова е совршен појадок.

Заборавете на грижата на совест

Некои истражувања покажуваат дека грижата на совест за храната која сме ја изеле, а не сме смееле, води само до ново прејадување и поради тоа сè паѓа во вода. Кога одлучувате да се почестите, нека не ви биде криво, но потоа повлечете граница и повторно вратете се на старата исхрана.

Вагата ви е непријател

Бројките на вагата често осцилираат што може да ве излуди, особено во ситуација кога секој килограм ви е важен. Заборавете на вагата и концентрирајте се на начинот на исхрана. Напредокот многу брзо ќе се забележи на вашата облека, па вагата ќе ви послужи само како потврда.

Избегнувајте пијалаци

Голем број луѓе во организмот внесуваат и до 37% од непотребните калории преку разни пијалаци. Исфрлете ги соковите и алкохолот и префрлете се на чаеви, вода и кафе без шеќер. Ако не можете да пиете горко кафе, тогаш ставете малку природен засладувач.

Ноќни оброци

Спрема едно истражување, луѓето кои јадат касно навечер во организмот внесуваат околу 250 калории повеќе од оние кои не јадат во ноќните часови. Испланирајте ги оброците, така што последниот да ви биде приквечер и обидете се тоа да ви прејде во навика.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар