5 начини да ја подобрите дигестијата и да го изгубите вишокот килограми

Кога се прејадувате и кога консумирате храна која е тешка за преработување, вашиот дигестивен систем забавува и отпадот од храната останува заробен во вашето тело. Ако се чувствувате подуено или страдате од констипација или дијареја, можно е да имате проблем со дигестивниот систем. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да го подобрите неговото здравје, а со тоа и да ги изгубите вишокот килограми.

1. Внесувајте доволно дигестивни ензими

Fresh pickled cabbage - traditional polish sauerkraut

Кога вашата исхрана е богата со дигестивни ензими и ферментирана храна, вашиот дигестивен систем ќе работи како што треба. Свежиот зеленчук, супата и јогуртот се одлични извори за овие материи. Тревките, како нане и ѓумбир можете да ги консумирате како чај и тие исто така ќе ви помогнат да ги „придвижите“ вашите цревна.

2. Зголемете ја физичката активност

(2)5-nachini-da-ja-podobrite-digestijata-da-go-izgbite-vishokot-kilogrami-kafepauza.mk

Не само што ќе го согорите вишокот калории, туку дигестијата ќе се одвива побрзо. Активноста ја активира дигестијата на храната, а тоа резултира со почесто празнење и губење на вишокот килограми. Кога страдате од констипација, докторите секогаш препорачуваат да вежбате за да се ослободите од отпадот во вашето тело.

3. Пијте многу вода

Man Wearing Gym Clothing Choosing Fruit From Bowl

Хидратацијата му помага на телото да функционира нормално и да ги чисти отровите од вашиот организам. Најдобро е да пиете вода на празен стомак или пред оброк, што овозможува водата да оди директно во вашите клетки. Пиењето вода со оброците или после нив може да ја раствори храната и да му помогне на вашиот стомак побрзо да ја преработи.

4. Внимавајте како ја комбинирате храната

Sliced Steak Potatoes

Сигурно имате забележано дека некои комбинации на храна ви создаваат гасови и прават да се чувствувате подуено. Причината за ова е што нам ни велат дека секој оброк треба да содржи протеини, скроб и порција овошје. Вистината е дека протеините и скробот никогаш не треба да се консумираат заедно. Овошјето и зеленчукот се преработуваат најбрзо, потоа јаглехидратите и на крај, протеините. Ако јадете компир со вашето месо, компирите пречат во, и онака бавната дигестија на месото, па со ова го „затнувате“ целиот систем. Најдобро е овошјето да го јадете само, на празен стомак, а протеините и скробот никогаш да не ги мешате.

5. Здрава количина на хранливи влакна

(5)5-nachini-da-ja-podobrite-digestijata-da-go-izgbite-vishokot-kilogrami-kafepauza.mk

Овошјето, зеленчукот и целите зрна содржат големо количество хранливи влакна, што е еден од начините да го забрзате дигестивниот систем. Влакната го забрзуваат овој процес со тоа што го „туркаат“ отпадот од храната и отровите низ телото и го подобруваат празнењето. Резултатот од ова е намалување на вишокот килограми. Луѓето кои имаат од 19 до 50 години треба да јадат од 25 до 28 грама хранливи влакна секој ден. Оваа материја можете да ја пронајдете во слаткиот компир, гравот, морковот, леќата, крушите, дуњите и јаболката.

Погледнете и која храна има лошо влијание на дигестивниот систем.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар