5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Се разбира, белите патики се сечиј избор кога треба да излеземе на некоја пригода која од нас бара удобна и пријатна облека, особено во топлите периоди. Но, постои ли начин да направиме нашите бели патики да изгледаат како нови дури и по третиот ден на носење? Во продолжение следуваат неколку начини со кои ќе ги освежите вашите патики и ќе направите да изгледаат како тој ден да сте ги купиле.

1. „Магична“ крпа или сунѓерче

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Сунѓерот е еден од најдобрите избори кога треба да ги исчистите патиките од површинските дамки и нечистотии од платното или кожата, но и од гумата. Само натопете го со малку вода и чистете го местото кое е извалкано.

2. Прехранбен (бел) оцет

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Натопете една чиста крпа со малку бел оцет и избришете ги сите дамки и гребнатини.

3. Шампон

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Шампонот е најдобар избор кога на патиките има тврдокорни дамки кои тешко можат да се исчистат, како што се дамките од масло или нафта. Земете една чиста крпа или стара четка за заби и ставете малку шампон. Користете топла вода и нежно тријте го делот додека не стане пенест. Ќе забележите дека дамката полека ќе започне да исчезнува. За блескаво бели патики, додадете и малку сода бикарбона.

4. Сменете ги врвците

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Врвците се секогаш повалкани и ја губат својата белина многу побрзо од самите патики. Тоа е така бидејќи често можат да се влечат по земјата и поради маслата на нашите раце. Затоа, обидете се да најдете исти или слични врвци и заменете ги.

5. Лак за нокти

5 начини да ги исчистите белите патики и да направите повторно да изгледаат како нови

Како последен избор, кога веќе сте испробале сѐ од горенаведеното и не сте успеале, тогаш белиот лак за нокти е одличен за да се прикријат малите дамки кои никако не можат да исчистат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар