5 начини да бидете посреќни и да верувате во вашите желби

Сигурно редовно ги слушате желбите на вашите блиски и често се обидувате да ги исполните. Но кога последен пат се помислиле за вашите желби и за тоа дека можат да се исполнат? Ние заглавуваме во нашите рутини и се изморуваме од зафатените животи, па често забораваме да се прашаме што навистина сакаме. Следниве совети ќе ви помогнат да откриете што навистина сакате.

5-nachini-da-bidete-posrekjni-i-da-veruvate-vo-vashite-zhelbi-kafepauza.mk

1. Верувајте како мало дете

Што ако оваа Нова година си дозволите да се радувате како дете кога ја правите листата со желби? Децата не гледаат граница за нивните соништа бидејќи веруваат дека сите желби можат да им се исполнат. Токму оваа верба им е изгубена на многумина. Повеќето сметаат дека реалноста не може да се промени.

2. Отстранете ја цензурата

Колку приказни знаете во кои децата веруваат во Дедо Мраз и дека животот е магичен? Но штом ќе престанат да веруваат, тој станува дел од митовите. Тогаш тие се тажни бидејќи ја изгубиле магијата. Не ѝ дозволувајте на цензурата да владее со вашиот живот бидејќи така ги намалувате очекувања и вербата во себе.

3. Верувајте во бескрајна можност

Манифестацијата бара верување во некоја поголема сила. Потребно е да верувате дека оваа сила ќе ги исполни вашите желби. Реалистите се обидуваат да го побијат постоењето на оваа сила. Бидејќи не е научно докажано нејзиното постоење, сите сметаме дека навистина ја нема. Но пробајте да го користите законот за привлекување и забележете ги промените.

4. Нека ви биде удобно со вашите верувања

Сигурно избегнувате да го споделувате вашето воодушевување бидејќи сметате дека ќе изгледате наивно. Но, доволно е тивко да го вежбате за да забележите промена. Колку повеќе желби ќе се материјализираат, толку посилна ќе стане вашата верба.

5. Направете листа со желби

Оставете ја реалноста и бидете во состојба на креативност каде што сè е возможно. Запрашајте се што навистина сакате во животот. Како што ќе ги добивате одговорите, почувствувајте ја радоста низ целото ваше тело. Во наредните денови, одвојувајте само неколку минути и замислете си како би било веќе да ви е исполнета желбата.

Погледнете ги и овие кратки совети за среќа кои треба да си ги повторувате секој ден.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Magi Reply

    Fala! 😉

Остави коментар