5 комбинации кои не ви одземаат од висината туку ви додаваат неколку сантиметри плус

Височината отсекогаш била проблем во модниот свет. Ниските девојки постојано слушаат совети за тоа како да изгледаат повисоки, што не треба да носат и сл. Денес, тие правила веќе не важат (барем некои од нив) и ниските девојки имаат поголем избор што треба да носат. За овие пет комбинации отсекогаш сте мислеле дека ве прават пониски, но правилно комбинирани, тие имаат моќ да ја издолжат вашата силуета.

0-5-modni-kombinacii-koi-ne-vi-odzemaat-od-visinata-tuku-vi-dodavaat-nekolku-santimetri-plus-kafepauza.mk

1. Гладијаторките ќе ги проголтаат вашите нозе

За да избегнете да изгледате ниско, гладијаторките комбинирајте ги со шорцеви. Вака, дури ќе го постигнете и спротивниот ефект – ќе ги издолжите нозете. Исто така, и краткиот комбинезон изгледа преслатко кога е комбиниран со гладијаторки.

2. Не смеете да носите балетанки

Единственото нешто на што треба да внимавате овде е пантолоните да бидат некаде до зглобот за да не ве проголтаат. Не ви се потребни високи потпетици за да изгледате и да се чувствувате дотерано.

2-5-modni-kombinacii-koi-ne-vi-odzemaat-od-visinata-kafepauza.mk

3. Макси фустаните ќе ја прекријат целата силуета

Ако сте ниски, клучот во носењето макси фустан е тој да биде навистина долг – до подот и да биде струкиран под градите. Вака, ќе постигнете баланс без да изгледате како да носите завеса на вас.

3-5-modni-kombinacii-koi-ne-vi-odzemaat-od-visinata-kafepauza.mk

4. Миди здолништата не изгледаат добро на вас

За да ги издолжите нозете, одберете миди здолниште со висок струк во комбинација со кроп топ. Никогаш не можете да погрешите со оваа моќна комбинација.

4-5-modni-kombinacii-koi-ne-vi-odzemaat-od-visinata-kafepauza.mk

5. Обувките со ремчиња ќе ви ги „отсечат“ нозете

За да го избегнете ова, носете миди фустан или здолниште, со должина која е сосема доволна за да ги акцентирате вашите нозе и да покажете малку кожа.

5-5-modni-kombinacii-koi-ne-vi-odzemaat-od-visinata-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар