5 модни детали кои го влошуваат вашето здравје

5 модни детали кои влијаат на вашето здравје

Сето она што го внесуваме во организмот влијае на нашето здравје. Но, дали знаевте дека дури и изборот на облека може да биде причина за вашите здравствени проблеми?

0-5-modni-detali-koi-koi-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

1. Мини сукњи

За жал, мини сукњите се прилично опасни по здравјето. Ако бутовите не ви се добро прекриени можете да соберете разни бактерии од местата каде што седите. Едно истражување исто така покажало дека мини сукњите поттикнуваат создавање целулит, особено ако често се наоѓате во ладни простории – на пример, климатизирана соба. Наводно, студенилото го тера телото да создаде заштитен слој маснотија, а тоа најчесто резултира со создавање на целулит.

2-5-modni-detali-koi-koi-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk

2. Големи чанти

За мажите, женската торба е синоним за црна дупка. Тоа е така затоа што во женските торби може да се најде апсолутно сѐ. Ова особено важи за големите летни торби за на плажа, затоа што тука има најмногу креми, пешкири и други тешки работи. Големите и тешки чанти можат да ви создадат проблеми со ‘рбетот и правилното држење на телото.

Решението? „Нурнете“ во торбата и исфрлете сѐ што не ви е потребно.

3. Градник

Да не нѐ разберете погрешно, не велиме дека воопшто не треба да ги носите – баш напротив, тој им дава добра поддршка на градите и особено им е важен на жените со побуен граден дел. Но, ако носите градник со погрешна величина, а околу 70% од жените ја прават таа грешка, тогаш можете да почувствувате болки во грбот, влошено држење на телото, па дури и болки во градите.

Затоа најдобро е уште веднаш да научите како да го одберете правиот градник. Измерете го обемот под градите, а потоа и обемот на градите. Не се водете според конфекциската величина, туку измерете се и на лице место пронајдете што ви одговара.

4. Апостолки

Ако мислите дека болката во стапалата како резултат на носењето високи потпетици ќе исчезне доколку носите целосно рамни обувки, тогаш правите голема грешка. Всушност и апостолките се многу лош избор на обувки затоа што на ниеден начин не го поддржуваат стапалото. Тие не го пратат свивањето на стапалото. Кога ги носиме доаѓа до нерамномерно распоредување на силата врз стапалото, што пак создава статички пореметувања.

5. Високи потпетици

Џенифер Лоренс не залудно високите потпетици ги нарече „обувки на ѓаволот“. Освен што се неудобни, тие создаваат проблеми со коскениот систем. Но, ние сето тоа го трпиме затоа што ни ги издолжуваат нозете, ни го подигнуваат задникот и нема ниеден пар обувки кои повеќе одговараат со летните фустани.

Но, ако редовно носите високи потпетици, ризикувате да добиете артритис, изместување на зглобот или деформација на коските на стапалото. За последново прашајте ја Викторија Бекам.

Решението е да не ги носите премногу често. Иако сепак убаво е понекогаш да добиете неколку сантиметри плус, зарем не?

3-5-modni-detali-koi-koi-vlijaat-na-vasheto-zdravje-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар