5 митови за бракот во кои треба да престанете да верувате

Доколку сите ваши пријатели веќе стапиле во брак, сигурно се чувствувате изоставено. Голема е веројатноста колегите, пријателите и семејството постојано да ви создаваат притисок за ова. Но, немојте да брзате и да направите нешто за коешто подоцна ќе зажалите. Погледнете ги најчестите митови за бракот во кои не треба да верувате.

mitovi-za-brakot-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

1. Сексот ќе биде одличен

Откако ќе бидете неколку години во брак, сексот нема да биде толку возбудлив. Ќе мора постојано да работите за нештата да изгледаат свежо. Ако сексот ви стане здодевен, ќе биде важно да ја зацврстите комуникацијата како пар. Кога се намалува квалитетот на сексуалниот живот, партнерите може навистина да се оддалечат. Затоа е важно во овие моменти да пронајдете нешто што ќе ја врати возбудата во бракот.

2. Никогаш нема да бидете осамени

Да, можно е да бидете во брак и да се чувствувате сами. На пример, може ќе имате сопруг кој секоја вечер си доаѓа по полноќ. Или пак, сопруга што секојдневно многу работи. Ако сте во брак, но осамени, имате неколку опции. Можете на партнерот да му го дадете вниманието кое вие го посакувате и на тој начин да станете модел на промената. Потоа побарајте го истото од него или од неа. Исто така важно е понекогаш да уживате во самотијата. Можеби сепак ви е потребен малку простор.

3. Бракот е како да живете со најдобриот пријател

Понекогаш бракот може да изгледа како да живеете со вистински странец. Бракот не е како живеење со најдобриот пријател, а многу експерти велат дека и така треба да биде. Ако сакате добар брак, важно е да имате и други пријатели освен вашиот партнер. Овие врски со други луѓе не само што ќе го одржат вашиот брак, туку и ќе го подобрат.

4. Бракот ќе ве направи посреќни

Истражувањата покажале дека бракот, особено лошиот, може да го уништи вашето здравје. Па, не мора да значи дека ќе бидете посреќни кога ќе се венчате. Дури и ако бракот не е насилен, здравјето може да страда.

5. Децата го подобруваат бракот

Ако бракот веќе е во лоша состојба, децата нема да го направат подобар. Додавањето нови членови во нефункционално семејство може дури и да ги влоши работите. Понекогаш проблемите кои се појавуваат со децата може да го комплицираат бракот и да ги оддалечат партнерите. Многу честа причина за развод е различниот стил на одгледување деца кај партнерите.

Погледнете и што треба да направите со партнерот пред да стапите во брак.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар