5-минутна вежба за раце што ќе ве наполни со енергија и ќе ви ги балансира емоциите

Џин Шин Џицу е уметност за ослободување на тензијата што се развива во нашето тело и која со тек на време може да создаде голем број болести. Нашите тела содржат неколку видови енергетски патишта низ кои енергијата се движи кон клетките, па ако тие се блокираат, може да настане непријатност и болка. Ваквиот вид блокади не само што ја нарушуваат зафатената област, туку имаат тенденција да ја нарушат хармонијата во сите останати енергетски патишта.

5-minutna-vezhba-za-race-shto-kje-ve-napolni-so-energija-i-kje-vi-gi-balansira-emociite-www.kafepauza.mk

Џин Шин Џицу помага при проширувањето на нашата свесност. Со оваа новопронајдена свесност ние можеме да се хармонизираме и да се балансираме физички, ментално и спиритуално. Целиот процес е многу сличен на акупресурата. Според оваа практика на лечење, постојат 26 точки низ овие енергетски патишта. Тие се наоѓаат на специфични локации на телото каде што енергијата се заглавува или фиксира.

Интересно е тоа што Џин Шин Џицу била одамна заборавена античка пракса за лечење, повторно откриена дури во 20-от век од страна на јапонскиот исцелител и филозоф, Мастер Јиро Мураи. Оној што ја практикува, треба да ги користи и двете раце, со чија помош држи неколку комбинации од погоре споменатите енергетски точки. Станува збор за едноставен и нежен процес што бара минимален труд од оној што го практикува. Како што ќе се отпушта енергијата низ затегнатите точки, така се враќа балансот и личноста доживува физичка, ментална и спиритуална хармонија.

Постојат многу енергетски патишта што минуваат низ прстите. Ако почнеме да ги хармонизираме точките во нашите прсти, ние можеме да ја балансираме енергијата низ целото тело. Сè што треба да направите е да задржите со прст на левата или на десната страна на спротивната рака и инстантно ќе се почувствувате порелаксирано.

Следете ги следниве инструкции за да добиете подобра идеја за вежбата со рацете. И не заборавајте дека колку почесто ја практикувате, толку подобри резултати ќе добивате.

  • Држете го палецот со другата рака неколку минути за да ги елиминирате грижите и депресијата. Тоа исто така е добро за дигестијата, стресот и притисокот во главата, рамената и белите дробови.
  • Држете го показалецот за да ги елиминирате стравот и самокритичноста. Тоа исто така е добро за вилицата, забите, непцата, тврдата столица, како и болките во лактите и грбот.
  • Држете го средниот прст за да ги елиминирате гневот и вознемиреноста. Тоа исто така е добро за општиот замор, видот, мајките што дојат, главоболките во предниот дел од главата и неодлучноста.
  • Држете го домалиот прст за да ги елиминирате тагата и тажењето. Тоа исто така е добро за респираторните проблемите како астмата, некои болести на кожата, ѕвонење во ушите, затнат нос и негативниот став.
  • Држете го малиот прст за да ја елиминирате анксиозноста. Тоа исто така е добро за срцеви заболувања и сериозна надуеност.

Во продолжение следуваат и некои од најголемите општи придобивки од оваа пракса:

  • Ослободување од болки
  • Релаксација
  • Подобро спиење
  • Намалување на анксиозноста
  • Намалување на ефектите од стресот
  • Подобрување на циркулацијата на крвта
  • Подобрување на концентрацијата
  • Подобрување на имуниот систем
  • Намалување на заморот
  • Подобрување на регенерацијата
  • Подобрување на состојбата на кожата
  • Детоксикација

Според една студија што била спроведена во еден центар за заболување од рак, пациентите што минале низ оваа терапија забележувале голем број позитивни придобивки, вклучувајќи намалување на стресот и мачнината, како и намалување на вознемиреноста. Токму затоа и се препорачува да ги практикувате овие едноставни вежби за поздрав живот. Погледнете го видеото подолу за подетални инструкции.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар