5 места на кои не нанесувате течен коректор, а би требало

5 места на кои не нанесувате течен коректор, а би требало

Течниот коректор најчесто го нанесуваме на подочниците и на акните. Сепак постојат уште 5 места на кои би требало секогаш да го нанесувате, а најверојатно тоа не го правите. Откријте за што точно станува збор.

2-5-mesta-na-koi-ne-nanesuvate-techen-korektor-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

1. Надворешниот агол на окото

Доколку го нанесете коректорот со светла нијанса започнувајќи од надворешниот агол на окото кон веѓите ќе добиете ефект на затегнато лице и свеж изглед.

2. Околу носот

Пределот околу ноздрите воглавно е со црвеникава боја, па доколку нанесете коректор, вашето лице ќе изгледа поубаво. Всушност, кога нанесувате коректор на подочниците продолжете се до ноздрите, правејќи еден вид на триаголник кој завршува до надворешниот агол на окото.

3. На капаците

Доколку ставите малку течен коректор, а потоа пудра во прав на капаците, ќе добиете доста свеж изглед на лицето. Исто така, коректорот е одлична замена за подлогата за сенка.

3-5-mesta-na-koi-ne-nanesuvate-techen-korektor-a-bi-trebalo-www.kafepauza.mk_

4. Преку јаболкниците и под веѓите

Течниот коректор одлично се „однесува“ како хајлајтер кој не дава сјај како вистинскиот, но навистина го осветлува лицето. Нанесете го на местата каде што најчесто нанесувате хајлајтер, особено во лето, кога немате шминка, а сепак сакате малку свежина.

5. На градниот кош

Не само што на овој дел можете да си поиграте и со контурирањето, туку можете и да го прекриете сето она што не сакате да се гледа, како што се разни дамки и акни. Коректорот не е наменет само за лицето.

Во вашиот несесер задолжително би требало да имате еден светол, течен коректор и тој ќе биде вистински спас во секоја прилика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар