5 медицински состојби кои можат да предизвикаат анксиозност

5 медицински состојби кои можат да предизвикаат анксиозност

Секој е под стрес одвреме-навреме, но сериозната анксиозност е нарушување кое се појавува само кај некои луѓе. Многу често таа е резултат од хемиска и хормонална нерамнотежа во мозокот. Поради ова, нејзината природа не е целосно разбрана. Понекогаш ова нарушување е поврзано со траума, а може да биде и наследно. Но анксиозноста може да биде поврзана и со други здравствени проблеми. Ако никој од вашето семејство не страдал од анксиозност, ако се појавила одеднаш или пак ако се појавила само кога сте возрасни, може причината да биде некоја друга медицинска состојба.

Што е анксиозност?

(1)5-medicinski-sostojbi-koi-mozhat-da-predizvikaat-anksioznost-kafepauza.mk

Привремената анксиозност е нормален дел од животот. Можете да ја почувствувате кога се соочувате со некој проблем на работа, пред некој испит или пак кога треба да донесете важна одлука. Но кога станува збор за нарушување, чувството на страв и грижа е постојано. Личноста која го има ова нарушување ги чувствува симптомите подолго, а состојбата може да се влоши со текот на времето.

Што ја предизвикува анксиозноста?

(2)5-medicinski-sostojbi-koi-mozhat-da-predizvikaat-anksioznost-kafepauza.mk

Нема конкретна причина за појавата на анксиозност. Следејќи го овој факт, постојат неколку фактори кои може да придонесат за нејзино појавување. Некои од нив се траума, карактерот на личноста, стрес предизвикан од некоја болест, но може да биде и наследна. Еден вид анксиозност може да се појави поради други медицински состојби и е директно поврзана со физичкото здравје.

1. Болести на срцето

(3)5-medicinski-sostojbi-koi-mozhat-da-predizvikaat-anksioznost-kafepauza.mk

Болестите на срцето и анксиозноста имаат слични симптоми вклучувајќи болка во градите, отежнато дишење, замор, вртоглавица и болка. Ако сте дијагностицирани со некоја срцева болест или пак сте имале инфаркт, може да настанат многу промени. Може постојано да мислите на инцидентот, да се чувствувате безнадежно за иднината или да ви е страв да живеете како порано. Ова предизвикува циклус кој предизвикува анксиозност и кој му создава дополнителен стрес на вашето срце.

2. Анемија

(4)5-medicinski-sostojbi-koi-mozhat-da-predizvikaat-anksioznost-kafepauza.mk

Анемијата е состојба во која вашата крв не носи доволно кислород во целото тело. Анемијата и анксиозноста имаат слични симптоми, како што се замор, раздразливост, отежнато дишење и главоболки. Ако ги имате овие симптоми а не знаете зошто, тоа само го засилува ефектот на анксиозноста.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар