5 љубовни совети кои секогаш им ги кажуваме на нашите пријателки, но никогаш самите не ги применуваме

5 љубовни совети кои секогаш им ги кажуваме на нашите пријателки, но никогаш самите не ги применуваме

Сигурни сме дека сите вие во еден момент од вашиот живот сте ги поделиле овие совети, но кога самите сте нашле во истата ситуација, ни на крај памет не ви паднало да се послушате…

5 љубовни совети кои секогаш им ги кажуваме на нашите пријателки, но никогаш самите не ги применуваме

„Кажи му како се чувствуваш“

Вашата најдобра пријателка веќе некое време набљудува едно симпатично момче на факултет или на работа, но едноставно нема да храброст да му пристапи ниту пак да преземе што било на таа тема. Во тој момент вие ќе ја советувате да му каже како се чувствува и дека на тој начин ќе ги реши сите проблеми. Но, што кога вие ќе се најдете во истата ситуација. Би му пристапиле?

„Немој да му испраќаш порака“

Доколку станува збор за бившо момче вие ќе направите сè што е во ваша моќ да ја убедите дека тој е само дел од нејзиното минато и дека со оглед на тоа колку лошо се однесувал кон неа воопшто не треба ни да помислува да му прати порака. Исто така се обидувате и да ја уверите дека ќе најде многу подобра личност за неа. Но, дали додека ѝ ги кажувате сите овие нешта и вие размислувате за тоа колку би ви било добро доколку му пишете на вашиот бивш?

„Немој да се нервираш за тоа“

Не ѝ се јавил 2 дена по сообраќајната несреќа или пак, ја заборавил нивната годишнина. Во овие ситуации најверојатно првото нешто што ќе ви падне напамет е да ја советувате вашата пријателка да го насочи своето внимание кон нешто друго, иако реално знаете дека ни вие самите никогаш не би можеле да го направите истото доколку сте на нејзино место.

„Читањето на неговите пораки или мејлови никогаш не е добра идеја“

Но, во првиот случај кога тој ќе го остави својот мобилен на маса вие без размислување ќе го направите истото. Без разлика на тоа дали ќе ви биде потоа криво за нарушувањето на неговата приватност, љубопитноста е многу посилна од вашата способност да одолеете на ова. Но, сепак тоа нема да ве спречи да ја посоветувата вашата пријателка да не го прави истото.

„Немој веќе да преминуваш преку вакви нешта“

Дури и покрај тоа што самите го правите истото, сепак силно се борите да ѝ докажете на вашата пријателка дека одамна ја преминала границата за толеранција на сите оние лоши нешта кои тој ѝ ги приредува. Колку и да зборувате, сигурно знаете дека додека таа самата не сфати дека ѝ е доста, никој нема да може да ја убеди во спротивното. Исто како што би се случило и со вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар