5 летни фризури кои можете да ги направите за 5 минути

5 летни фризури кои можете да ги направите за 5 минути

Без разлика на тоа колку го сакаме убавото и сончево време, топлите температури и останатите чуда на летото, еден момент сепак ни пречи, а тоа е косата! Што да правиме со неа? Секако, ако е чиста и убава, не сакаме веднаш да ја врзуваме во неуредно опавче, но понекогаш едноставно немаме друг избор. Кога е топло, никој не прашува за убава фризура.

1-5-letni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-napravite-za-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Сепак, неуредното опавче не е единствената фризура која можете да ја изберете кога надвор има горештини или кога од која било причина сакате да направите нешто со вашата коса. Постојат неколку тренди фризури кои лесно се прават, а кои се атрактивни и совршени за сите прилики.

1. Класично, но на нов начин

Кога надвор е топло, а сакате да изгледате женствено и романтично, одличен избор е собраната коса, но на еден поразличен начин. Можеби баш вака, вклучувајќи ја и омилената лента за коса. Слатко, зар не?

2-5-letni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-napravite-za-5-minuti-www.kafepauza.mk_

2. Романтично и слатко

Летните вечери нѐ асоцираат на романтични, долги прошетки покрај реката со нашиот партнер. За таа прилика, испробајте едноставна, а убава фризура во духот на шеесеттите и со неа надополнете го вашиот омилен летен фустан.

3-5-letni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-napravite-za-5-minuti-www.kafepauza.mk_

3. Елегантна Парижанка

Го обожавате Париз? Тогаш испробајте ја оваа фризура која дише со париски шик и која е број еден кај Французинките. Воопшто не е тешко да ја направите, а доколку навистина ви е потребна помош, вклучете ја вашата најдобра пријателка.

4-5-letni-frizuri-koi-mozhete-da-gi-napravite-za-5-minuti-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите 2 фризури…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар