5 лесни начини како подобро да се однесувате кон себе

Време е да решите да бидете пољубезни кон себе и тоа да биде вашата мисија за оваа година. Иако можеби звучи смешно, имајте на ум дека секогаш самите си ја даваме најлошата критика. Ние сме тие кои 24 часа во денот го слушаме нашиот глас и мораме да живееме со нашето тело. Природно, настојуваме да се критикуваме самите себеси затоа што е лесно да се „растргнеме“ кога се чувствуваме лошо. Но, време е да престанете со оваа пракса и да почнете да бидете понежни кон себеси.

5 лесни начини како подобро да се однесувате кон себе

1. Одморете се барем еден ден во неделата

Се сеќавате на добрите стари денови кога се работеше само 5 дена во неделата? Веројатно не, бидејќи младите луѓе, или милениумците, живеат во друг универзум каде што не постојат нормални работни часови. Ги „гориме свеќите од двата краја“, надевајќи се дека работењето до доцна во ноќта и за време на викендите конечно ќе нè однесе таму каде што посакуваме. Но, за да го заштитите вашето здравје, секоја недела наоѓајте барем еден ден за одмор, кога буквално нема да правите ништо. Без разлика во што уживате најмногу, најдете еден ден во неделата само за себе, без никакви изговори.

2. Не споредувајте се со другите

Споредувањето со другите луѓе ја краде радоста од нашите животи, па затоа не правете го тоа! Секогаш кога ќе најдете потреба да се споредите со згодната девојка од вашата канцеларија или типот од теретаната со совршена градба на телото, борете со таа потреба. Вие сте комплетно уникатна личност и колку почесто се потсетувате на ова, толку посреќни ќе бидете.

3. Секогаш спијте еден час повеќе

Бидејќи сите се стремиме да станеме подобри луѓе, ретко си дозволуваме добар одмор. Го пречекуваме утрото и веднаш започнуваме со дневните обврски, дури и за време на викендите. Мора да ги одмориме нашите тела за да можеме да го искористиме целиот ментален потенцијал и физички да се чувствуваме добро. Најлесниот начин за ова е секогаш кога ќе имате можност, да спиете еден час повеќе. Секако, не значи дека треба да доцните на работа со цел да го исполните ова, но за викендите добро е да спиете барем до 10 часот, ако имате таква потреба.

4. Изгледајте убаво секое утро

Ова е веројатно најтешкото нешто кое треба да го правите, но истовремено и најмногу ќе ви се исплати. Ако секое утро се гледате во огледалото и гласно коментирате за едно нешто кое ви се допаѓа од вашиот изглед, вие се потсетувате себеси дека сте прекрасни и тоа е најважно. Можеби тоа утро вашата коса изгледала убаво. Или денешната комбинација од облека ви стои совршено на вашата фигура. Без разлика на комплиментот, важно е да ја цените сопствената убавина.

5. Одвојте една вечер само за себе

Не барајте партнери или пријатели по социјалните мрежи за да си поминете убаво. Една вечер, на секои две недели, одвојте ја само за себе и посетете некое тивко и пријатно место. Вечерајте, порачајте пијалак и десерт. Уште подобро, порачајте уште еден десерт. Понесете со вас книга или некое списание ако не се чувствувате пријатно кога сте сами во ресторан. Или уште поедноставно, порачајте да ви донесат вечера до вашиот дом и цела ноќ гледајте филмови или ТВ серии.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар