5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Децата се брилијантни поради нивната едноставност. Тие можеби не знаат многу за светот, но на некој начин, токму тоа им дава огромна сила и енергија. Растењето ни ги проширува видиците кон светот, но постојат некои основни и навистина здрави вредности кои ги забораваме како што одминуваат годините. Еве неколку од нив:

Не чувствување страв

Родени сме со страв од само две работи: страв од паѓање и страв од гласни звуци. Сите други видови страв се вгнездуваат во нас со текот на годините, како резултат на влијанијата од луѓето со кои растеме. Некои од овие стравови се разумни и неопходни за опстанок во модерната ера, како што е на пример стравот да не нè удри автомобил. Но, некои други стравови се непотребни и лутаат низ нашата потсвест само со цел да не спречат да бидеме она што можеме да бидеме. Замислете се за момент и сфатете кои стравови кои ги чувствувате ве заштитуваат, а кои се ирационални, му штетат на вашето ментално здравје и го кочат вашиот напредок и успех.

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Никакви социјални ограничувања

И покрај тоа што на децата постојано им се вели да не зборуваат со туѓинци, тие немаат проблем да му дофрлат по некој збор на човек што ќе го сретнат на улица. Можеби за малите деца ова претставува добар совет, со цел тие да бидат заштитени од евентуални злобни луѓе, но оние повозрасните, треба да ја заборават оваа реченица. Може да се случи, токму тој туѓинец на кој сте му се обратиле денес, да биде прекрасна и интересна личност, каква што отсекогаш сте сакале да сретнете. Плус, што претставуваат пријателите, ако не странци, пред да станат ваши пријатели? Кој знае кого можете да запознаете или што можете да научите преку започнување краток разговор со некој непознат?

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Бескрајна љубопитност за учење нешто ново

Кога сме деца, многу активности ни се интересни да ги правиме со часови и часови. Си игравме со лего коцки, криенка, народна, камај, скокање на ластик и уште безброј други игри кои не правеа бескрајно задоволни на крајот од денот. Каде исчезнува сета таа радост кога ќе пораснеме?

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Возрасните едвај можат да издржат да изгледаат едно исто ТВ шоу кое трае 30 минути, без да свртат на другите канали да проверат што има таму. Присетете се на моментите од вашето детство и размислете што ве правеше среќни тогаш. Обидете се да го погледнете светот низ поинаква призма и пронајдете ја убавината во малите нешта. Анализирајте ја природата околу вас, архитектонските градби, уметничките творби или она што ве инспирира вас како личност. Ако можете да ја видите убавината во формите на облаците или во чудната кора на стеблото на дрвјата, можете да ја аплицирате истата перспектива кон побитни и пофантастични нешта во животот.

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Безусловна љубов

Децата немаат предрасуди кога станува збор за љубовта. Ако му се насмевнете на детенце, тоа веднаш ќе ви возврати огромна насмевка назад, без никаква посебна причина, туку само затоа што сте присутни до него во моментот. Децата не ги сакаат луѓето бидејќи очекуваат нешто за возврат, туку зошто ја чувствуваат љубовта во нивните чисти срценца. Ваквите чувства е тешко да ги имате кога сте возрасни, но зошто да не се обидете да најдете начин да ги сакате и оние луѓе кои не ви се баш омилени? Можеби ќе се изненадите од резултатите. Што ви е поинтересно, да се смеете или да бидете намуртени, да се тепате или да гушнете некого? Ја сфативте поентата нели?

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Сосема е во ред да си играте

Во ред е понекогаш да се однесувате детски. Одредената возраст која ја имате не значи дека треба да се однесувате согласно годините во секој момент. Зрелоста понекогаш е преценета. Животот не треба да се сфаќа толку сериозно. Не заборавајте дека на планетава сме сите привремено и еден ден сите ќе исчезнеме во воздухот. Дозволено ви е понекогаш да се однесувате како малечко дете и да се забавувате уживајќи во моментот.

5 лекции кои треба да ги научиме од децата

Што мислите, кои други лекции можеме да ги научиме од најмладите?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Milica Pavlova Reply

    За жал никогаш нежожеме пак да бидеме деца. Атој период е најубавиот во човековиот живот.

  2. blagica Reply

    Cudna rabota , decata sakaat sto pobrzo da porasnat i da stanat golemi , ubavo e da im ukazeme da ostanat deca duri se deca , a potoa nem nazad , se porasnati.

  3. branka Reply

    ne go ubivajte deteto vo vas……..

  4. Име Reply

    Од децата можеме да ја научиме искреноста, нема поискрени и чисти души од нив :)

  5. Сашко Потер Reply

    Убаво прочитав еднаш: “Creative adult is a survived child!”, толку многу може да се научи од овие неконтаминирани суштества. Одличен пост КАФЕПАУЗА. Браво

Остави коментар