5 лаги што смеете да му ги кажете на вашиот партнер

Зборовите се остри како нож и лесно може да ѝ наштетат на вашата врска, особено ако се лажни. Меѓутоа, постојат ситуации во кои смеете да го лажете вашиот партнер. Проверете кои лаги ги одобрија експертите.

1-5-lagi-koi-sekogash-mozhete-da-mu-gi-kazhete-na-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

1. „Во право си“

Овие три мали волшебни зборови функционираат кога не се согласувате со партнерот, но имате голема желба да ја прекинете караницата која не води никаде. Иако на прв поглед изгледа дека ваквото однесување ѝ противи на интуицијата, сепак експертите велат дека е всушност доста ефикасно.

2. „Изгледаш сјајно“

Станува збор за универзалниот одговор на секое прашање поврзано со изгледот кое партнерот ви го поставува затоа што во тој момент се чувствува самоуверено. Тоа се ситуации во кои сите ние бараме поддршка и одобрување од партнерот.

3. „Те сакам повеќе од што било на светот“

Експертите утврдиле дека типот на лажење кој се нарекува огромна нежност помага во одржувањето на љубовната врска. Во прашање се големи изливи на нежност кои можеби се нереални, но ги мотивираат вистинските чувства кои само се обидуваме да ги разубавиме со претерани епитети.

2-5-lagi-koi-sekogash-mozhete-da-mu-gi-kazhete-na-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

4. „Добро сум“

Постојат ситуации во кои сакаме да го заштитиме партнерот од стресот низ кој ние поминуваме, бидејќи знаеме дека тој едноставно не може да ни помогне да се носиме со тоа. Психолозите велат дека во тие ситуации можеме да ја користиме оваа мала бела лага.

5. „Те разбирам“

Важно е да го поддржувате вашиот партнер и во некои ситуации да ги споделувате неговите емоции. Кога тој ви ја прераскажува караницата со пријателите покажете разбирање за него, дури и ако можеби не се согласувате со него во целост. Тоа не значи дека не го изразувате своето мислење, само кажете дека го разбирате неговото дури и ако не е така.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар