5 лаги кои ви го попречуваат патот до среќата

5 лаги кои ви го попречуваат патот до среќата

Честопати во животот имаме навика да се лажеме себеси со цел да се утешиме и да се чувствуваме подобро. Но, вистината е дека го постигнуваме токму спротивното. Понекогаш ги толкуваме работите на одреден начин за да пронајдеме моментална утеха, меѓутоа некои од тие мисли би можеле многу да ни наштетат во животот. Ова се 5-те најчести лаги кои толку многу си ги повторуваме што почнуваме да ги прифаќаме како вистинити, а тоа нѐ спречува да ја пронајдеме вистинската среќа…

5 лаги кои ви го попречуваат патот до среќата

1. „Тој/таа ќе се промени“

Вистината е дека никогаш никој нема целосно да се промени. Доколку мислите дека вашиот партнер еден ден ќе се разбуди и сите негови недостатоци кои ги презирате магично ќе исчезнат, живеете во заблуда. Тоа што можете да го направите е да го прифатите партнерот онаков каков што е и откако ќе го сторите тоа, ќе треба да одлучите дали би можеле да ги толерирате неговите маани или не.

2. „Еден ден ќе го направам тоа“

Еден ден ќе почнете да пишувате, ќе отидете во Лондон, ќе почнете да барате нова работа… Убаво е да имате желби, но никој од нас не знае што носи утрешниот ден. Поради тоа, доколку силно посакувате да направите нешто, не го оставајте тоа за некој ден. Почнете уште веднаш, бидејќи сегашноста е единственото нешто во што можете да бидете сигурни.

3. „Ако имам повеќе време, ќе го направам тоа“

Луѓето обожаваат да наоѓаат причини зошто не можат да направат нешто. Наместо постојано да барате изговори, обидете се да постигнете барем нешто во таа временска рамка со која располагате. Зошто да не почнете да вежбате дома секој ден по 20 минути, наместо да се жалите дека немате 2 часа од вашето време за да одите во сала за вежбање? Почнете да учите италијански додека одите накај работа. Заборавете на дремењето на Фејсбук и истото време искористете го за да прочитате некоја книга. Запаметете дека човекот што сака да направи нешто, бара начин, а тој што не сака, бара изговор.

5 лаги кои ви го попречуваат патот до среќата

4. „Животот ќе ми биде многу полесен, ако го имам тоа“

Никако немојте да го поминете животот во жалење зошто немате подобра работа или згодно момче или девојка. Имајте на ум дека во овој момент од вашиот живот имате повеќе од доволно причини за да бидете среќни. Единственото нешто што можеби навистина ви недостасува во овој момент е да се освестите и да бидете благодарни за она што го имате.

5. „Не сум доволно добар/добра“

Ова е најголемата лага што постои и таа најмногу може да ви го уништи животот. Секогаш верувајте во себе. Вие сте повеќе од доволно добри. Немојте да се сомневате во тоа дека заслужувате среќен и исполнет живот. Прво треба да почнете да верувате во тоа за да можете да го остварите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар