5 лаги кои е сосема во ред да ги кажете на првиот љубовен состанок

Првиот состанок не овозможува многу простор за целосно запознавање на личноста со која сте излегле. Од друга страна пак, ако ви се допаѓа оваа личност, сигурно сакате да се покажете во што подобро светло. И покрај тоа што не е во ред да лажете за големи нешта, постојат неколку безопасни лаги кои можете да ги кажете во текот на првиот љубовен состанок со цел да си поминете подобро…

5 лаги кои е сосема во ред да ги кажете на првиот љубовен состанок

1. „Ти беше првата личност која ја забележав на забавата“

Ова најверојатно не е вистина, но сосема е во ред. Зошто? Бидејќи секој се чувствува добро кога му ласкаат. Исто така и вие ќе се чувствувате добро кога давате комплименти. Направете личноста пред вас да се почувствува како да е единствената на овој свет и издвојте ја од останатите така што ќе ѝ посочите некоја нејзина карактеристика која ја прави уникатна.

2. „Моето семејство е во ред, работата ми е добра и животот ми е одличен во моментов“

Можеби не се согласувате со вашата мајка, имате недоразбирања со колегите и барем еднаш во неделата сте во многу лошо расположение, но тоа не е нешто што би требало да се спомнува на првиот состанок. Никој не сака да разговара со личност која многу се жали, па затоа е најдобро доколку ги издвоите само позитивните страни од вашиот живот во овој момент.

3. „Крајот на светот ќе настане по застрашувачка битка помеѓу роботи и зомби, во која роботите ќе победат“

Сосема е во ред да почнете тема која нема никаква допирна точка со реалноста и да го споделите вашето мислење за истата. Ве охрабруваме да кажувате приказни и да ја вклучите личноста со која сте на состанок во нив. Можете дури и да кажете нешто како: „Можам да видам во твоите очи дека нема да ти се допадне иднина во која ќе владеат роботите“ со цел да го/ја инспирирате да се вклучи во разговорот.

4. „И јас сакав да го гледам тој филм“

Можеби вам ни на крај памет не ви паднала идејата да го гледате токму тој филм, но на личноста пред вас ѝ се допаѓа, па зошто да не му дадете шанса во иднина со цел да го гледате заедно? Вие секако сакате да гледате филмови, па ако го кажете ова големи се шансите дека ќе му/ѝ дадете знак дека би сакале повторно да се видите.

5. „Ми беше мило што те запознав“

Дури и да не ви допаднал состанокот, нема потреба да бидете злобни. На крајот на вечерта заблагодарете му/ѝ се за убавото време (дури и да станува збор за најздодевната вечер во вашата живот). Бидете љубезни и на крај збогувајте се.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар