5 корисни совети за чистење на вашиот накит

Пивото, вотката, оцетот, газираната вода и кечапот можете да ги примените и за други работи освен за консумирање. Станува збор за чистење на вашиот омилен накит, бидејќи секоја од овие течности може да ви помогне да го вратите стариот сјај на вашите омилени аксесоари.

Пивото го чисти златниот накит

Најдобро средство за чистење на вашиот златен накит е пивото. Доволно е да нанесете пиво на мека крпа и да го исполирате. Потоа накитот дополнително треба да го пребришете и со сува крпа за да не останат никакви траги. Накитот од злато на кој има и циркони не е препорачливо да го чистите со пиво, бидејќи може да го уништите.

5 корисни совети за чистење на вашиот накит

Оцет или паста за заби за сребрен накит

Пастата за заби содржи флуор кој ја отстранува нечистотијата, а најдобро е да ја нанесете на чиста крпа или на четка за заби и со кружни движења да ги истриете накитот. Потоа исперете го со ладна вода и убаво избришете го со сува крпа.

5 корисни совети за чистење на вашиот накит

Одличен избор е и мешавината од сода бикарбона и алкохолен оцет. Во сад ставете половина шолја оцет и две лажици сода бикарбона и оставете го накитот да отстои во мешавината 2-3 часа. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го да се исуши.

Кечап за отстранување темни дамки

Сребрениот накит може да поцрни, а темните дамки најлесно се отстрануваат со кечап. Доволно е да го оставите накитот во сад со кечап неколку минути или да го исполирате со кечап и четка за заби. Потоа исперете го накитот со ладна вода и избришете го со крпа.

5 корисни совети за чистење на вашиот накит

Вотката ги чисти накитот од кристали и стакло

Поради нејзините корозивни својства, вотката е многу ефикасна за чистење на кристали и стакло. Таа помага и за бижутерија, а доволно е само да нанесете малку на крпа и да го исчистите накитот.

5 корисни совети за чистење на вашиот накит

Газирана вода за скапоцени камења

За чистење на вистински скапоцени камења како дијаманти, рубини или сафири можат да ви помогнат газираните води. Се препорачува скапоцените камења да ги ставите во чаша со газирана вода и да ги оставите да преноќат.

5 корисни совети за чистење на вашиот накит

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар