5 конверзациски трикови кои треба да ги употребите на првиот состанок за да имате шанса за втор

Освен што да носите, како ќе изгледате, кој парфем да го ставите и слични дилеми, првите состаноци самите по себе се многу стресни и за двата пола. „Што ако не му/ѝ се допаднам?“ – е прашање кое сигурно барем еднаш ви се завртело во главата. Освен изгледот, важни се и манирите и разговорот. Погледнете ги овие 5 трикови ако сакате совршен прв состанок.

0-5-konverzaciski-trikovi-na-prviot-sostanok-koi-kje-vi-dadat-shansa-za-vtor-kafepauza.mk

1. Разговорот треба да биде како пинг-понг игра

На идеалниот состанок, ниедна личност не треба да доминира. Иако ви се чини несебично да го оставите потенцијалниот партнер да зборува, тоа е всушност многу заморно и здодевно. Во книгата Brain Trust, истражувачите објаснуваат дека кога потенцијалниот иден партнер ќе рече нешто или ќе започне дискусија на одредена тема, вие треба да пронајдете начин да го надополните она што го кажува, а потоа да го возвратите одговорот во форма на прашање.

2. Не зборувајте за филмови

Според истражување спроведено од Ричард Вајзман, помалку од 9% од паровите кои зборувале за филмови сакале втор состанок. Наместо тоа, зборувајте за патувања – тоа е многу поуспешна тема и 18% од паровите кои зборувале за нивните патешествија сакале втор состанок.

3. Кажете им тајна

Според Артур Арон, психолог на Државниот универзитет во Њујорк во Стоуни Брук, разменувањето на емоционална или лична информација уште на првиот состанок создава силни чувства на поврзаност и блискост.

4. Кога се двоумите, бидете контроверзни

Досадните теми како временската прогноза и што сте правеле минатиот викенд не се нешто што потенцијалниот партнер ќе го запомни. Експеримент спроведен од Ден Ариали ги ограничувал разговорите на првите состаноци со листа од контроверзни теми како оние од типот дали имале или немале заразна болест и бројот на сексуални партнери.

„Сите – и оние кои зборуваа и оние кој возвраќа, беа посреќни од нивната интеракција. Она што го научивме од овој мал експеримент е дека кога луѓето се слободни да избираат на каков тип теми сакаат да зборуваат, тие почесто целат кон еквилибриум кој е лесно одржлив, но никој всушност не ужива во него.“

5. Прашајте дали им се допаѓа пивото

Сајтот за состанување OKCupid открил дека најдобар индикатор за тоа дали првиот состанок ќе заврши со секс бил одговорот на прашањето: „Дали ти се допаѓа вкусот на пивото?“ Без разлика на нивниот пол или ориентација, љубителите на пиво за 60% се повеќе согласни да спијат со некој кој само што го запознале.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар