5 јога пози за добар почеток на денот

5 јога пози за добар почеток на денот

И покрај тоа што би било идеално доколку секое утро поминувате по еден час во вежбање јога и медитирање, ретко кој има доволно слободно време за да си го дозволи тоа. Токму затоа погледнете ги овие кратки вежби кои траат 10-тина минути со чија помош ќе можете да го започнете вашиот ден со леснотија и со позитивни чувства.

Поза: Дете (Balasana)

5 јога пози за добар почеток на денот

Од седечка позиција, повлечете го вашиот граден кош кон вашите бутини и допрете со челото на земја. Исправете ги рацете нанапред, но ако ви е поудобно потпрете ја главата врз нив. Дишете полека и длабоко низ вашиот нос и обидете се да забележите како вашите гради се прошируваат, а ребрата се стеснуваат. Како што издишувате низ носот, обидете се да го притиснете задникот надоле кон петиците за да можете да го почувствувате ‘рбетот како нежно се движи над вашите бутини.

Останете во оваа поза од 5 до 10 вдишувања или подолго ако чувствувате дека имате потреба.

Поза: Мачка/Крава (Bidalasana)

5 јога пози за добар почеток на денот

Откако ќе завршите со претходната вежба, исправете се и направете „мост“ со вашето тело така што ќе се држите на колената и на рацете. Притиснете со дланките силно на земјата за да се бидат вашите рамења раширени. Како што ќе вдишувате, погледнувајте пред вас или нагоре кон таванот доколку ви е удобно на вратот. Додека издишувате обидете се да допрете со брадата на вашите гради. Продолжете со ова движење така што ќе му дозволите на дишењето да ве води и на тој начин ќе се чувствувате како да ви го масираат грбот. Обидете се да ги држите лактите постојано свртени кон надвор за да ги заштитите вашите зглобови од притисокот.

Повторете ги движењата барем 5 пати или подолго ако чувствувате дека имате потреба.

Поза: Надолно куче (Adho Mukha Svanasana)

5 јога пози за добар почеток на денот

Поставете ги дланките малку пошироко од ширината на вашите рамења, застанете на прсти и подигнете се во воздух. Движете го градниот кош надоле кон бутините и одржувајте ја главата опуштена, а рацете исправени. Движете ги рамењата оддалечени од ушите, одржувајте ги колената свиткани и почнете да притискате со петите надолу, една по една. Запомнете, многу е поважно да ги одржувате колковите високо, отколку да допирате со целото стапало на земјата.

И оваа вежба се препорачува да се прави од 5 до 10 вдишувања, но и повеќе ако чувствувате дека има потреба.

Поза: Наведнување нанапред од стоечка позиција (Uttanasana)

5 јога пози за добар почеток на денот

Спојте ги рацете со вашите нозе и опуштете го вашето тело. Главата и вратот исто така треба целосно да ви бидат опуштени, а колената свиткани кога ќе почнувате. Доколку нема притисок во вашиот грб, можете да почнете да ги исправувате нозете. При издишувањето полека движете ја главата кон вашите стапала.

Само 10 вдишувања од оваа вежба и веднаш ќе се почувствувате како да сте повисоки.

Поза: Триаголник (Trikonasana)

5 јога пози за добар почеток на денот

Од стоечка позиција, раширете ги вашите нозе и свртете се на страна, а притоа внимавајте петата да ви биде во иста линија со средината на левото стапало. Поставете ги рацете паралелно со земјата и потоа посегнете кон десната страна така што ќе ги одржувате и двете нозе исправени. Градниот кош треба да ви остане отворен, а торзото затегнато. Доколку можете и имате доволно рамнотежа, насочете го погледот кон вашиот палец на ногата.

Оваа вежба доволно е да трае 5 вдишувања на едната и уште 5 на другата страна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар