5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Можеби е одбивањето да носи капа, желбата да не излезе од автомобилот или пак, воопшто да не влезе во него, но што и да е причината (реално таа може да биде буквално сè), сите родители знаат во кој момент нивното дете оди на патот кон целосна криза.

Кога тоа ќе се случи, навистина е многу тешко да се премине од менталната реакција на физичка бидејќи тие се целосно обземени од нивните емоции кои ги манифестираат преку физички сензации и стрес. Токму затоа, во овие тешки моменти, јогата може да биде вашиот најдобар спас. Погледнете ги следниве 5 јога пози кои можат да ви помогнат полесно да ги надминете тие навидум невозможни моменти…

1. Здивот на пчелата

Најпрво, побарајте од вашето дете да земе длабоко воздух. Ова може да биде одличен начин да создадете кратка пауза која ќе ја ослободи тензијата. Доколку и вие дишете длабоко со вашето дете, ќе создадете поголем ефект. Особено ако најдете начин како да го направите тоа забавно.

(1) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Седнете на колена, вдишете и истегнете го вашиот ‘рбет така што ќе ги повлечете рацете наназад. Издишете и спуштете го вашето чело кон земјата додека испуштате звук како пчелите.

2. Движење како мачка

Научете го вашето дете дека доволно е да помести само еден мускул со цел да го промени начинот на кој се чувствува. Многу е тешко да се најде решение кога сè околу него/неа изгледа тесно. Токму затоа погрижете се да му објасните на вашето дете дека кога чувствува фрустрација, стрес или гнев, тоа може да го намали со помош на позата на мачката.

(2) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Вдишете и погледнете нагоре, дозволувајќи му на ‘рбетот да падне надолу. Издишете и повлечете ја брадата кон вас, подигнувајќи го ‘рбетот како што прават мачките.

3. Седење на облак

Одлуката да се земе тоа што во одреден момент нè мачи и едноставно да се отпушти, може да влијае многу моќно на едно дете кое достигнало толку високо ниво на немоќност. Оваа поза може да се искористи за да се соберат сите (невидливи) фрустрации на купче пред вас и вашето дете, а потоа едноставно да се фрлат нагоре во воздухот, каде што тие никогаш нема да се вратат. Ова исто така може да биде одличен начин да ги охрабрите вашите деца да го именуваат чувството кое им е тешко, без сè уште да треба да се справат со него. За што и да станува збор, вие можете да го именувате, да соберете сѐ на куп, а потоа и да го ослободите да си оди.

(3) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Вдишете, свиткајте ги вашите колена и „собирајте“ ги невидливите облаци околу вас. Издишете и исправете ги вашите нозе, подигнувајќи ги рацете над вашата глава.

4. Стоење како дрво

Сите овие вежби се наменети да му дадете на вашето дете повеќе можности во моментот кога тој/таа чувствува како да нема ниту една (освен кризата). Вие можете да предложите поместување на фокусот со оваа поза на балансирање која има многу силен ефект на стабилизирање. Токму смиреноста и концентрацијата на оваа поза може да го смири фрустрираниот ум.

(4) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Исправете се. Поставете ја едната нога на вашиот глужд или над вашето колено и балансирајте. Вашите раце можат да бидат допрени со дланките врз вашите гради или да стојат во воздух како гранки од дрво. Земете неколку пати длабоко воздух, а потоа сменете ја ногата.

5. Детска поза

Таа може да биде од голема помош во сите оние стресни моменти така што ќе му овозможите на вашето дете да се грижи само за себе. На часовите по јога, оваа поза често се користи како одмор. Таа му овозможува на детето да се склопчи и истовремено да ги истегне долниот дел од грбот, колковите и бутовите. Таа има и неверојатно смирувачки ефект врз централниот нервен систем.

(5) 5 јога пози кои можат да им помогнат на вашите мали дечиња брзо да се смират

Започнете на раце и колена, а потоа притиснете наназад со цел да седнете на вашите стапала и повлечете ги градите кон вашите бутови. Истегнете ги рацете пред вас или поставете ги странично покрај вашето тело. Дишете длабоко и одморете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар