5 грешки поради кои не подготвувате добро пире од компири

5 грешки поради кои не подготвувате добро пире од компири

Многумина сметаат дека убавото и кремасто пире од компири е невозможно да се направи во домашни услови. Со цел да ги избегнат грутките, некои се служат со одредени техники и помагала кои само дополнително им создаваат проблем. Еве кои се најчестите грешки при подготвувањето пире од компири, а и совети како да ги поправите истите, за крајниот резултат да биде премногу вкусен.

5 грешки поради кои не подготвувате добро пире од компири

1. Изберете ги вистинските компири

Грешка: Пирето го правите од компири кои веќе ги имате при рака, без разлика дали се млади, стари, бели или црвени, тоа за вас е сеедно…

Како да ја поправите: За да подготвите пире од компири, потребни ви се плодови со висок процент на скроб, кои се совршени за гмечење.

2. Исечете ги компирите на коцки

Грешка: Ако ги варите компирите цели, тогаш за нивна подготовка би ви било потребно најмалку час и половина, а најчесто на средина од готвењето ќе ги изгубите нервите и нема да ги оставите да се сварат до крај.

Како да ја поправите: Излупете ги и измијте ги компирите, а потоа исечете ги на коцки со приближно иста големина, па ставете ги во ладна солена вода, за сите парчиња да бидат готови во исто време. Оставете ги да се варат додека не почнат да се распаѓаат.

3. Рачно гмечете ги

Грешка: Мислите дека недоволно сварениот компир ќе го направите како густа смеса со помош на блендер. Но, ова е најлошата работа што можете да ја направите. Имено, блендерот ќе ги претвори компирите во леплива смеса, којашто не е пријатна ниту за гледање, ниту за јадење.

Како да ја поправите: Исцедете ги компирите од вода, па вратете ги во врелиот сад во кој се вареле. На тивок оган „дехидрирајте“ ги од остатокот влажност, па почнете полека да мешате и да ја гмечете смесата.

5 грешки поради кои не подготвувате добро пире од компири

4. Ставете повеќе млеко

Грешка: Многумина не сакаат пирето да им изгледа премногу течно, па ставаат многу малку млеко, слатка павлака или путер, а крајниот резултат е прилично тврдо пире.

Како да ја поправите: Загрејте го млекото или слатката павлака, па прелијте ги компирите со поголема количина. На тивок оган со помош на лажица нежно мешајте ја смесата додека состојките не се соединат и не добиете текстура која ви одговара. Не грижете се, компирите ќе го впијат вишокот млеко.

5. Додајте зачини

Грешка: Вашето пире од компири има многу неутрален и воденет вкус.

Како да ја поправите: Не плашете се добро да ги зачините компирите со сол и бибер, а слободно додајте и некои други зачини, како што е на пример магдоносот. Завршете го готвењето со едно парче путер кој ќе му даде подобар вкус на вашето пире.

Во продолжение погледнете го и видеото кои ќе ви покаже како да го направите најкремастото пире од компири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар