5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Стресот е проблем на милиони луѓе ширум светот. Тој ни доаѓа од сите страни; стресот на работа предизвикан од обид да ги завршиме сите задачи до дадениот рок, стресот околу домашните обврски, како и стресот од проблемите во љубовните и пријателските врски. Вашиот доктор може да ви препорача лекарства кои ќе ви помогнат да се справите со стресот, но можете и да уживате во природното ослободување од него, со помош на овие 5 етерични масла.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Лаванда

Лавандата е одличен избор за заздравување на рани и обновување на кожата, но воедно и за смирување на нервниот систем, благодарение на неговиот сладок цветен мирис. Луѓето кои ги одбираат третманите со лаванда, уживаат во чувството на спокој и бистрина. Додадете неколку капки масло од лаванда во шишенце со распрскувач полно со вода и прснете низ вашиот дом за да ви помогне да се релаксирате. Измасирајте ги болните зглобови со мешавина од бадемово масло и неколку капки етерично масло од лаванда. Додадете неколку капки масло од лаванда во вашиот инхалатор за да ги намалите симптомите на настинка и употребувајте го за да третирате кожни состојби како акни, брчки и ранички.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Камилица

Долго употребувана во билните чаеви, камилицата е позната по своето смирувачко дејство. Борејќи се против раздразливоста која доаѓа со стресот, етеричното масло од камилица, им помага на луѓето да се смират и релаксираат. За да се ослободите од главоболката, замотајте во крпа неколку коцки мраз попрскани со масло од камилица и поставете ја на главата како облога. За да спиете подобро и да ја подобрите способноста на вашето тело за справување со стресот, капнете 5-6 капки масло од камилица во освежувачот за воздух. Можете и да капнете неколку капки на марамче, кое ќе го ставите под навлаката за перница, за да спиете убаво.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Бергамот

Мирисот од кора од бергамот кој на чајот Ерл Греј му дава уникатен, смирувачки ефект има лесна арома која освежува и релаксира. Честопати се користи во борбата против немирот и депресијата, но помага и против вкочанетост и воспаленост на мускулите. Капнете неколку капки етерично масло од бергамот во вашето млеко за тело, за да ги намалите болките во мускулите и физичката тензија. Помешајте масло од бергамот со гел од алое вера во размер 1:5, за да создадете ефективен лек против акни. Воедно, капнувајќи неколку капки масло од бергамот во полна када подготвена за капење, ќе ви помогне да се ослободите од психичкиот стрес и тензијата којашто доаѓа во пакет со стресниот животен стил.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Јасмин

Слаткиот јасмин е моќно етерично масло кое помага во ослободување од главоболка, смирување на кашлицата, ја минимизира физичката болка, дури го разубавува и тенот на кожата. Ставете неколку капки масло од јасмин во навлажнувач за воздух за да ја регенерирате вашата самодоверба и оптимизам и да ја намалите депресијата и тензијата предизвикана од стрес. Исто така, може да се користи во топла бања, за отстранување на главоболката и физичкиот стрес.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

Нане

Стресот може негативно да влијае врз вашата меморија и да ви оневозможи да се сконцентрирате. Нането поттикнува будење од умствениот замор. Мирисот е освежителен и е одличен избор кога стомакот ви е вознемирен, имате главоболка и чувствувате дека се разболувате. Етеричното масло од пеперминт има уникатен мирис кој може да ве релаксира и истовремено да ви послужи како стимуланс за подобра концентрација. Капнете неколку капки на јазикот за да ја подобрите вашата концентрација и протријте на вратот и рамената во текот на денот, за да го покачите нивото на вашата енергија. Исто така може да се користи и во освежувач за воздух, за подобрување на меморијата.

5 етерични масла кои ќе ве ослободат од стресот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Замислете си убав сончев пролетен ден.Полека чекорите по кривата патека ,погледнувате околу себе и се прашувате сон ли е ова или не?Ви се причинува како да гледате во некоја слика на платно која сликарот ја насликал со толкава љубов и со таква почит кон прекрасните бои кои само мајката природа може да ги спои.Но како може една слика да мириса толку убаво.Како може една слика да ви го гали срцето и да ви ја смирува душата како мирисот на лавандата и јасминот цвет.Како може розата на слика да ви го милува лицето чинејки ви го нежно како допир на свила.Како може ветерот на сликата да ви се плете низ косата носејки го мирисот на мајчината душичка и копривата правејки ја во исто време жива ,миризлива , толку убава што секоја рака би посакала да ги протне своите прсти и да ја почувствува нејзината мекост.Како може една слика да ви ги буди вашите мисловни вијуги како мирисот на рузмаринот и да ве прави уште по мудри и по мудри.Но дразнењето во вашите ноздри ви вели не е тоа сон , не е тоа слика,тоа сте вие во миризливото кралство на природата каде секој цвет е опивка за секој ваш сетилен треп.Почестете ја природата со вашето присуство и таа ќе ве благослови со своето миризливо богатство,ќе ви го стопли срцето и тогаш на вашата прошетка по вијугавата патека вашата рака ќе ја стопли друга во топла прегратка .
    Па нели е прекрасно да се шета во цветна и миризлива љубовна рамка?
    Опуштете се и уживајте тоа вашето тело и душа го бара а природата тоа несебично ви го дава.
    Со почит
    Весна Пирузева Петровска

Напиши одговор на Весна Пирузева Петровска Откажи одговор