5 деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето

5 деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето

Не можеме а да не забележиме дека во нашата земја „никнаа“ еден куп казина и спортски обложувалници. Тоа кажува дека луѓето навистина сакаат да се коцкаат. Коцкањето е порок и не треба да се практикува, но постојат неколку важни бизнис лекции што можете да ги научите од него. Ако веќе мораме да го извлекуваме доброто од секое лошо, ова се 5-те деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето…

5 деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето

1. Нештата што можете лесно да ги добиете, немаат вредност

Кога ќе влезете во казино, првото нешто што можете да го забележите се автоматите. Не е тешко да се сфати како коцкањето од забава прераснува во зависност, кога овие автомати гарантираат брза и лесна добивка на пари. Лесно е да се излажете, но ако решите да ставите пари во овие машини, подобро е да се збогувате со нив. Нема да добиете џекпот. Тоа би било премногу едноставно. Истото важи и во деловниот свет: Нештата што можете лесно да ги добиете, немаат вредност. Тоа е слично како да имате лесна работа каде што секој ден ви поминува исто и на крајот од месецот добивате некоја мала безначајна плата. Ако сакате да бидете успешни во бизнисот, мора да излезете од вашата зона на удобност и да преземате ризици. Работете напорно и вашиот труд ќе се исплати.

2. Дајте си време за да ги научите едноставните работи

Во казино можете да видите многу луѓе како веднаш се упатуваат накај рулетот, а немаат идеја како се игра и губат многу пари. Но, постојат и паметни луѓе кои само стојат отстрана и набљудуваат. По некое време, тие го ставаат нивниот влог и добиваат. Можеби нема да освојат огромна сума на пари, но ќе биде доволно за да се почестат нешто. Денес постојат еден куп туторијали и совети на Интернет за тоа како самите да започнете бизнис, поради што многу е лесно да паднете во искушение и веднаш да се фатите за работа. Сепак, најдобро е да почекате, да ги научите основите на бизнисот и да се запознаете со сите суптилни детали што им носат успех на претприемачите. Потоа, можете да преминете на дело и да основате успешен бизнис.

5 деловни лекции што можете да ги научите од коцкањето

3. Контактите се многу важни

Ова веројатно веќе го знаевте, но сепак вреди да се спомене. Обновете ги односите со луѓето што ги познавате, стекнете нови контакти и кога ќе имате потреба, јавете им се и прашајте ги дали би сакале да ви помогнат. Ова можете да го сретнете во полуксузните казина и многуте ноќни клубови на пример. Луѓето чекаат во редици и им се јавуваат на нивните пријатели за да влезат преку ред и да добијат сепаре. Кога работите ќе тргнат наопаку и ќе ви треба помош, не двоумете се дали да потегнете врски. И тие ќе ви се јават кога ќе им треба помош, така што нема потреба да се срамите.

4. Не претерувајте

Можеби мислите дека успешните бизнисмени вложуваат многу во нивниот бизнис, но верувајте дека тоа што го вложиле е многу помало одошто си замислувате. Кога станува збор за коцкањето, се верува дека ќе добиете многу само ако вложите многу, но тоа може да доведе до сериозни последици. Истото важи и за деловниот свет. Ако водите сопствен бизнис, мора да бидете сигурни дека 20% од вложениот труд ви носи 80% од профитот. Нема да го подобрите бизнисот доколку претерате со работа. Најважно е да вложувате труд на вистинските места и во вистинското време.

5. Забавувајте се

Кога раководите со некаков бизнис, лесно е да се заборави дека треба да се опуштите. Забавувајте се одвреме-навреме и тргнете ги сите проблеми на страна. На луѓето им треба време за релаксација за да можат да соберат сила и да станат поуспешни. Освен тоа, само на овој начин ќе можете да се сетите на некои нови идеи. Малите одмори ќе ви помогнат да добиете креативни идеи кои ќе ви помогнат да го зголемите вашето знаење од областа на бизнисот. Само треба да го ослободите вашиот ум и да се забавувате.

Во продолжение прочитајте и што може играњето покер да ве научи за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар