5 чудни, но ефикасни начини да го преболите бившиот

5 чудни, но ефикасни начини да го преболите бившиот

Заборавете на романтичните комедии и плачењето додека ги слушате омилените сентиш песни. Ако навистина сакате да заборавите на бившиот, обидете се со овие трикови.

5-chudni-no-efikasni-nachini-da-go-prebolite-bivshiot-kafepauza.mk

1. Купете нови чаршафи

Логично е. Старите мирисаат на вашата љубов и секогаш ќе ве потсеќаат на него. Не мора да ги фрлите, но исперете ги, ставете ги во плакар и почекајте подобро време за да ги извадите повторно. А дотогаш уживајте во нови.

2. Избришете го подот

И прозорите, како и сите останати површини во станот. Освен тоа што ќе имате блескав стан, овој ритуал ќе ви помогне да го исчистите просторот и од бившиот.

3. Читајте вести

Бидејќи тоа е единствениот начин да сфатите дека светот не застанал. И понатаму сè се движи како и претходно кога сте биле заедно, а читањето вести брзо ќе ве врати во реалноста.

4. Отпатувајте некаде

Макар и на еднодневен излет. Ќе видите дека има уште многу луѓе кои не сте ги запознале и многу ситуации кои не сте ги искусиле. Така полесно ќе си го вратите животот во нормала.

5. Гледајте хорори

Романтичните комедии всушност во моментот ви се најлоши пријатели. Наместо да гледате како двајца луѓе се заљубуваат, гледајте како некој ги брка во темна морничава шума. Тоа помага.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар