5 чести грешки при носењето екстензии за коса

5 чести грешки при носењето екстензии за коса

Сонот на многу девојки е да имаат долга, бујна и раскошна коса, но за жал, ако и вие сте една од нив, тогаш ви е јасно дека соништата понекогаш тешко се остваруваат. Вашата коса е едноставно не може да издржи преголема должина, слепена е, тенка, без волумен, без живот… Понекогаш ви доаѓа да ја скратите и еднаш засекогаш да се ослободите од проблемот наречен „Што да правам со мојата коса?“ Секако, знаете дека тоа не е решението, но она што може да ви помогне се екстензиите за коса. Сепак, ниту тие не се така едноставни за користење, па доколку за прв пат се сретнувате со ова „идеално решение“ за вашата фризура, еве кои грешки би требало да ги избегнете.

1-5-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-nosite-ekstenzii-za-kosa-www.kafepauza.mk_

1. Не стрижете ги сами!

Кога ќе ги избирате екстензиите за коса, можеби нема да ја пронајдете вистинската должина, па тие ќе бидат малку подолги од што сакате. Тоа значи дека ќе треба да ги пострижете. Но, никако немојте да наравите тоа самите, бидејќи можете да погрешите и да направите крави кои нема да се вклопуваат во остатокот од вашата коса. Најдобро е да го посетите вашиот фризер и заеднички да смислите фризура која е најдобра, како за вас, така и за вашите екстензии. Бидејќи на крајот, сепак сакате да изгледате природно, нели?

2. Не носете ги екстензиите за коса исправени!

Иако екстензиите за коса обично се исправени, за да постигнете совршен, природен изглед, би било сјајно да не ги носите на тој начин, туку благо да ги навиткате како и остатокот од косата. Така тие ќе се „стопат“ со вашата природна коса, а ефектот ќе биде многу поубав и подобар. Слободно кажете им „да“ на брановите!

3. Не бојадисувајте ја косата сами!

Кога ги избирате екстензиите за коса, изберете ги оние кои најмногу одговараат со вашата природна боја на коса. Секако, доколку е потребно да ги бојадисате за да изгледаат подобро во однос на остатокот од косата, тогаш направете го тоа, но повторно ќе нагласиме, кај вашиот фризер. И секако, водете сметка за тоа на кој начин ги бојадисувате, во која боја и слично, бидејќи и тие самите се изработени од природна коса, односно се оштетуваат како и вашата природна коса.

2-5-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-nosite-ekstenzii-za-kosa-www.kafepauza.mk_

4. Не избирајте ја бојата на екстензиите за коса според вашата боја на коренот!

Една од најголемите грешки што можете да ги направите е да ја изберете бојата на екстензиите за коса според бојата на вашиот корен. Наместо тоа, избирајте ја според бојата на вашите краеви, бидејќи така тие подобро ќе се прилагодат и ќе се „стопат“ со вашата природна коса. Многумина од нас имаат природно посветли краеви, а бидејќи екстензиите за коса најнапред „паѓаат“ тука, тоа е бојата по која треба да се водите.

5. Не спијте со екстензиите за коса!

Доколку е возможно, пред спиење извадете ги екстензиите за во текот на спиењето и превртувањето во креветот да не ги оштетите и искинете. Доколку пак мора да спиете со нив, сплетете ја косата во плетенка којашто ќе ги заштити. Кога нема да ги носите екстензиите за коса, внимателно чувајте ги во несесер, некоја специјална чанта или кутија.

3-5-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-nosite-ekstenzii-za-kosa-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар