5 чекори за надминување на мрзливоста

Мрзливост е кога сè друго изгледа поинтересно од она што треба да се направи. Одложената работа само се натрупува, одеднаш сфаќате дека немате време за сè и тоа неизбежно води кон стрес. За да не се чувствувате така, пробајте да примените некои од следните совети, кои сигурно ќе ви помогнат.

5 чекори за надминување на мрзливоста

1. Големите задачи поделете ги на помали делови

Доколку работите на некој голем проект, најдобро е да го поделите на помали делови. На пример, доколку пишувате дипломски труд, работата поделете ја во неколку етапи: истражување, концепт, прва верзија, уредување, проверка, финална верзија. Така нема да ве обземе страв од големината на задачата и истовремено полесно ќе ја завршите.

2. Работете со ментор

Работете со ментор кој ќе ви даде увид во работата и напредокот, доколку самите не сте способни за тоа. На пример, доколку во теретана одите со личен тренер, поголема е веројатноста навистина да се придржувате до фитнес-режимот. Ќе бидете мотивирани и ќе се трудите што е можно побргу да дојдете до саканата цел.

3. Земете си слободен ден

Сте имале прекрасна презентација или постојано сте работеле со денови? Одмерете, дајте си оддишка и одредете си еден слободен ден. Одете на кафе со пријателите или релаксирајте се во најблискиот спа-центар. За што и да се одлучите, ова ќе ви даде чувство на баланс и исполнетост по напорната работа.

4. Поделете ја работата со друг

Може да побарате волонтер или пак да вработите некој помошник. Тоа нема да ве чини многу, ќе заштедите на време и истовремено ќе завршите повеќе нешта.

5. Потпрете се на технологијата

На вашиот паметен телефон направете си потсетник со сите задачи кои треба да ги исполните. Организирајте си ги сите контакти и симнете си апликации за средување на финансиите. Така, нема повеќе да барате изговори за да не направите нешто и полесно ќе се сконцентрирате на конкретната задача.

Да не се разбереме погрешно. На секој му се случува да има мрзлив ден, но внимавајте тоа да не ви прејде во навика.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар