5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

Сподели

Дали некогаш сте почувствувале дека ви е потребна промена во животот? Сте помислиле ли дека можеби би требало да се откажете од студиите, да дадете отказ од работата или пак да ја прекинете долгогодишната врска и да тргнете на пат околу светот? Пред да се решите на каков било огромен чекор од овој вид, прво размислете дали одредена промена на вашиот изглед би можела позитивно да ви влијае во ваква ситуација…

Еве неколку предлози со кои брзо и лесно целосно ќе го промените вашиот изглед, но истовремено и одлично ќе се чувствувате:

Шишки – можеби изгледаат како мал додаток на вашата фризура, но нивниот ефект е многу поголем. Тие целосно ќе го променат начинот на кој изгледате. Похрабрите девојки можат да пробаат рамни и долги шишки (кои бараат малку повеќе време за одржување), а за останатите шишките на страна се одлична идеја.

5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

Црвена боја на коса – Оваа промена дефинитивно нема да остане незабележана, а и вие ќе се чувствувате како сосема нова личност. Похрабрите девојки можат слободно да пробаат силна црвена боја која постојано ќе примамува нови погледи без разлика на местото каде што се наоѓаат…5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

Виолетово моливче за очи – Можеби не ви звучи како многу драстична промена, но сепак целта е да промените нешто секојдневно. Доколку ви изгледа малку чудно, на почетокот комбинирајте го со црно моливче и виолетова сенка. Многу брзо ќе се навикнете на оваа промена и ќе можете целосно да го замените стандардното црно моливче…

5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

Нов парфем – промената на начинот на кој мирисате, ќе предизвика промена и во начинот на кој се чувствувате. Одберете нешто сосема различно, нешто што досега никогаш не сте го употребувале. Или купете го повторно вашиот омилен парфем од детството кој со сигурност ќе ви врати  интересни спомени…

5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

Црвен кармин – со оваа едноставна, но ефективна промена никако не можете да згрешите. Црвениот кармин е совршен за сите настани и ситуации, секако во различни нијанси. За на факултет/работа одберете нешто малку понеутрално, но за прошетки и излегувања слободно употребете силна црвена боја.

5 брзи и лесни начини за драстична промена на вашиот изглед

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

Остави коментар