5 активности што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

Од моментот кога ќе станете од кревет, па сѐ до ноќта кога ќе треба повторно да легнете, вие можете да имате толку многу активности, поради што можеби ќе го заборавите најважното нешто – да јадете. Но, со пропуштањето на некој оброк можете да си предизвикате здравствени проблеми. Отсекогаш се сметало дека треба да се јадат три стандарди оброци на ден, но јадењето пет до шест помали, може да биде дури и подобро за вашиот организам. Но, нивното прескокнување во никој случај не е добро. Тоа може да ве направи уморни и нервозни, а еве ги петте активности кои без сомнение треба да избегнувате да ги правите кога немате јадено.

5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

1. Купување во продавница

Кога сте гладни и ќе отидете во продавница, вие постојано ќе посегнувате кон тортите, колачите и друг вид брза храна. Едно истражување во кое учествувале 68 учесници го тестирале ова. Имено, на половина од учесниците им било кажано дека можат да јадат колку што сакаат, додека на другите не им било понудено ништо. Потоа, од нив било побарано да купуваат онлајн, каде што покрај високо калоричната храна, како што се тортите и колачите, било понудена и здрава храна како овошје и зеленчук. Во просек, погладните учесници избирале да купат високо калорична храна, додека пак другата група ги избирала поздравите опции. Иако можеби ќе помислите дека кога ќе пазарувате на празен стомак сепак би избирале овошје и зеленчук, ова истражување покажува дека вашата волја не може да биде толку силна колку што мислите. За да го избегнете искушението, понесете со себе здрава ужина.

2. Земање лекови

Има причина зошто на кутијата од вашите лекови пишува дека треба да ги консумирате заедно со храна. Додека некои се препорачуваат да се пијат на празен стомак, оние кои препорачуваат да јадете пред да ги пиете, го спречуваат чувството на гадење кое може да ви се појави подоцна. Медицинските лица објаснуваат дека лековите против воспаленија што не содржат стероиди, како што се ибупрофенот или аспиринот, може да предизвикаат гастроинтестинални проблеми или крвавење доколку се консумираат на празен стомак. Опивните средства за намалување на болката исто така може да предизвикаат гадење и повраќање, па нив најдобро е да ги земате заедно со храна.

3. Вежбање во теретана

Постојат две гледишта на ова прашање: Некои велат дека најдобро е да се вежба на празен стомак, при што директно ќе ги согорувате мастите, наместо јаглехидратите коишто само што сте ги внеле. Ова има некаква смисла, но практикувањето тешки кардио вежби на празен стомак може да резултира со губење на мускулите. Всушност, кога вежбате на празен стомак, нивото на гликоген е ниско. Ако премногу го оптеретувате вашето тело, ќе немате доволно сила за да ги издржите вашите напори, при што тогаш наместо мастите, ќе ги согорувате мускулите. Вежбањето по јадењето ќе ви даде доволно калории, јаглехидрати и протеини, при што ќе можете да вежбате напорно и многу побрзо ќе ги видите резултатите отколку кога би вежбале на празен стомак.

5 активности кои треба да избегнувате да ги правите на празен стомак

4. Пиење кафе

Дали и вашата утринска рутина вклучува станување од кревет, пресоблекување и пиење кафе? Тогаш треба да знаете дека нивото на киселина во стомакот се зголемува кога консумирате кафе без појадок. Ова може да резултира со проблеми при варењето или киселини во желудникот што ќе ви бидат присутни во текот на целиот ден, а на подолг период може да предизвика стомачни чиреви, синдром на нервозно дебело црево и слично. Ако се чувствувате дополнително нервозни и под стрес по вашето испиено утринско кафе, ова исто така може да биде показател дека не сте јаделе доволно. Веќе е познато дека кофеинот во кафето во некои случаи го зголемува стресот, па ефектот би бил поголем доколку пиете кафе на празен стомак.

5. Пиење алкохол

Старата поговорка дека треба да пиете алкохол само доколку имате јадено, е сосема точна. Всушност, храната може да спречи и да се опијаните пребрзо. Научниците препорачуваат да јадете храна богата со протеини, масти и јаглехидрати, за да го забавите процесот на апсорбирање на алкохолот. Телото исто така го апсорбира побрзо алкохолот кога тој е топол или е помешан со друг вид алкохол, па дефинитивно треба да ги избегнувате овие пијалаци доколку пиете на празен стомак.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар