40 пораки за спокој: Овие совети ја соединуваат целата наша енергија во моќ на смиреност

Една позната изрека вели: „Силата произлегува од смиреноста“. Но како да бидете смирени, спокојни, здрави, радосни и продуктивни? Одговорот на ова прашање е едноставен: Бидете едноставни! А, тоа подразбира соединета емотивна, интелектуална и духовна енергија. Еве неколку предлози како да го постигнете тоа!

3-40-poraki-za-spokoj-ovie-soveti-ja-soedinuvaat-celata-nasha-energija-vo-mokj-na-smirenost-www.kafepazua.mk_

1. Вежбајте заборавање. Покрај помнењето, на нашите среќа и успех влијае и вештината на заборавање. Заборавете го неуспехот, навредите, непријатностите, омаловажувањата, грешките и така натаму. А, сето тоа по принципот: „Ја научив лекцијата – заборавам – продолжувам понатаму“.

2. Бидете умерени во сѐ. Науката за токсикологијата вели дека мерата е таа која одредува дали одредена супстанца е отров или лек.

3. Бидете она што сте и прифатете ги другите луѓе такви какви што се.

4. Прифатете ги ситуациите и случувањата.

5. Одвреме-навреме направете „генералка“ во својата глава.

6. Размислувајте средено и дисциплинирано.

7. Ослободете се од стравовите, грижите, вознемиреноста, комплексите, напнатоста и чувството на вина.

8. Практикувајте креативност и духовна тишина.

9. Верувајте! Според Н.В. Пило: „Бог нема да ни даде ништо повеќе од она во што можеме да веруваме. Тој сака да ни даде многу, но не може да нѐ натера да прифатиме повеќе од тоа што верата ни го допушта“.

10. Молете се, прифаќајте, заблагодарете се, опростувајте.

1-40-poraki-za-spokoj-ovie-soveti-ja-soedinuvaat-celata-nasha-energija-vo-mokj-na-smirenost-www.kafepazua.mk_

11. Дишете длабоко. Ќе се опуштите физички и умствено.

12. Тргнете се од луѓето и од ситуациите кои ве вознемируваат емотивно, физички и духовно.

13. Избирајте на што давате значење и на што го насочувате вашето внимание.

14. Бидете свесни за можностите и за слободниот избор.

15. Усогласете се со себе. Она што го зборувате и правите мора да биде во согласност со она што го мислите и чувствувате.

16. Живејте во склад со вистината.

17. Не го наметнувајте на другите своето мислење.

18. Не мора секогаш да бидете во право.

19. Дозволете си да немате мислење или став за одредена појава, личност, ситуација…

20. Дозволете си промена на ставот.

2-40-poraki-za-spokoj-ovie-soveti-ja-soedinuvaat-celata-nasha-energija-vo-mokj-na-smirenost-www.kafepazua.mk_

21. Ослободете се од очекувањата. Не барајте од другите да се однесуваат во согласност со вашите очекувања.

22. Исфрлете ги изговорите.

23. Не обвинувајте ја околината, родителите, околностите, судбината…

24. Преземете одговорност.

25. Практикувајте љубов, љубезност и милосрдност.

26. Контролирајте ги реакциите – научете самоконтрола.

27. Не лутете се и не реагирајте премногу бурно.

28. Ослободете се од условеноста.

29. Не споредувајте се со другите.

30. Негувајте оптимизам, трпение, надеж и ентузијазам.

31. Негувајте истрајност, флексибилност, волја и посветеност.

32. Негувајте морал.

33. Размислувајте и расудувајте правилно, бидејќи негативното размислување и лошото расудување водат кон погрешни заклучоци, а погрешните заклучоци водат кон погрешни одлуки. Еден мудрец рекол: „Оној кој без расудување се расфрла со зборови, па дури и да се исправни, прави зло“.

34. Немојте да робувате на предметите и на луѓето.

35. Помирете се со фактот дека луѓето, предметите и околностите доаѓаат и си заминуваат, односно само поминуваат низ нашиот живот.

36. Негувајте самопочитување, самосвесност и самодоверба.

37. Не докажувајте се и не оправдувајте им се на другите.

38. Бидете храбри.

39. Воспоставете врска со природата.

40. Воспоставете врска со себе.

5-40-poraki-za-spokoj-ovie-soveti-ja-soedinuvaat-celata-nasha-energija-vo-mokj-na-smirenost-www.kafepazua.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар