40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

И покрај тоа што понекогаш ни е тешко да признаеме, постојат некои работи во животот кои никогаш нема да се променат. Мајка ви секогаш ќе биде по малку критична кон вас за време на семејниот ручек. Стапалата секогаш ќе ве болат после еден час поминат одејќи на високи штикли. Одбивајте ги овие мали вистини колку што сакате, но тоа ќе биде напразно. Животот е многу полесен ако го прифатиме неизбежното. Прочитајте ги следниве забавни вистини против кои не треба да се борите.

1. Луѓето се однесуваат чудно додека се возат во лифт.

40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

2. Вашите родители никогаш нема да престанат да ве нервираат.

3. Пилешката супа навистина лечи настинки.

4. Редно време е да почнете да купувате облека според големината којашто ја носите, а не според онаа којашто би сакале да ја носите.

5. Брзите поправки и решенија обично доведуваат до полош исход.

6. Јадењето големи количества брза храна, прави да се чувствувате одвратно.

7. Подобро се спие на чисти чаршави и животот е многу полесен кога ќе се наспиете колку што ви е потребно.

8. Жените се однесуваат како луди диви животни кога има попусти и промоции.

9. Треба да им се јавите на вашите баба и дедо, дури и ако во моментот не чувствувате дека морате.

10. Вашиот партнер никогаш нема да биде способен да ги прочита вашите мисли.

40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

11. Јавниот превоз ги истакнува најлошите навики на луѓето.

12. Маникирот се лупи.

13. Еден ден косата ќе ви стане седа.

14. Погрижете се за вашето осигурување.

15. Шансите да започне вашиот менструален циклус растат рапидно во оние денови кога носите бели панталони или планирате да заминете на одмор.

16. Не постојат многу причини за кои вреди да излезете од такт. Опуштете се.

17. Дури и ако ја работите работата од вашите соништа, понекогаш ќе треба да завршите некои задачи на работа за кои нема да бидете многу возбудени. Затоа се вика „работа“.

18. Одењето на високи потпетици е болно доколку шетате во нив премногу долго. Понесете си со себе резервни ниски чевли.

19. Кафето во Старбакс не е толку добро.

20. Вашата коса ќе изгледа најдобро на денот кога имате закажано на фризер.

40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

21. Нештата кои најмногу ве иритираат кај другите луѓе се работите коишто ги мразите кај себеси.

22. Сè изгледа многу полошо кога сте уморни или гладни.

23. Научете како да велите „благодарам“ кога некој ќе ви даде комплимент.

24. Капутот кој обожававте да го носите на факултет, најверојатно ќе се врати во мода за 10 години, така што можеби треба да го сочувате.

25. Повеќето луѓе повеќе би сакале да ги сослушате нивните проблеми, отколку да пробате да им ги решите со некој совет.

26. Со тек на време, нема да бидете во состојба да останувате будни цела вечер и да отидете на работа наредниот ден.

27. „Извини“ е многу моќен збор.

28. Некогаш ќе морате да речете „не“ во ситуации во кои би сакале да кажете „да“ и обратно.

29. Морате да ги чистите забите со конец доколку сакате да ги сочувате здрави.

30. Оставањето бакшиш е дел од цената којашто треба да ја платите кога јадете надвор. Оставајте добар бакшиш.

40 мали женски вистини кои ќе ви го направат животот полесен

31. Понекогаш, љубовта не е доволна.

32. Внимателно одберете ги ситуациите во кои сакате да покажете гнев и гледајте таквото однесување да не ви прерасне во навика.

33. Доколку некој некогаш се однесувал со вас лошо, најверојатно ќе го повтори тоа пак.

34. Сочувајте ги писменцата и миризливите ливчиња од вашето детство. Ќе сакате да ги погледнете еден ден.

35. Барем обидете се да се соочите со вашите проблеми и внимателно размислете за вашето однесување и верување. Имајте на ум и дека одбивањето да признаете дека сте згрешиле, нема да направи да се чувствувате правично.

36. Простете си себеси за донесување лоши одлуки во однос на љубовта и кариерата, бидејќи тоа на сите им се случува. Така се учи од грешки.

37. Научете да готвите барем едно прекрасно јадење кое ќе можете да го подготвите како вечера за вашето друштво или семејство.

38. Бидете свесни за тоа како го поминувате вашето време, бидејќи сите тие моменти поминати на Фејсбук го скратуваат вашиот вистински живот.

39. Прифатете ги луѓето онакви какви што се.

40. Доколку надворешно ја манифестирате вашата страст, кон себе ќе привлечете и други луѓе со истата страст за животот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар