4 знаци дека хормоните не ви функционираат како што треба

4 знаци дека хормоните не ви функционираат како што треба

Доколку во последно време често се чувствувате уморно, подуено или мрзоволно, тоа можеби е знак дека има некакво отстапување од нормалното функционирање на хормоните во вашиот организам. Тие при менструација се менуваат и влијаат на вашето расположение, кожата и на умот, но потоа се стабилизираат, па ваквите симптоми треба да исчезнат. Многу фактори може да влијаат на вашите хормони, меѓу кои и стресот и анксиозноста, но ако препознаете некои од овие четири симптоми, обратете се на лекар.

Mujer intentando dormir

1. Замор

Исцрпеноста е секогаш доволно добра причина за да појдете на лекар, бидејќи постојат бројни опасни причини поради кои може да се јави. Ако сте уморни после тешка работна недела, тоа е сосема нормално, но ако константно се чувствувате изморени и ако сте почнале да се дебелеете и имате промена во апетитот, можно е да имате проблем со недоволно активна тироидна жлезда. Заклучокот е дека треба да појдете на лекар доколку чувствувате замор од необјасниви причини.

2. Промени на кожата

Мозолчиња може да се појават затоа што не сте ја извадиле шминката пред спиење или како резултат на промена во исхраната, но кога се појавуваат во долниот дел на лицето кај возрасна личност, може да се сигнал на високо ниво на тестостерон. Иако тоа не е опасен проблем, може да влијае на вашата психа. Докторот може да ви препише лекарства за стабилизирање на нивото на хормоните и тоа да резултира со нормализирање и чистење на кожата.

3. Необична менструација

И необичната менструација може да биде резултат на многу фактори, како стрес, проблеми со тироидната жлезда, ниско ниво на естроген и синдром на полицистични јајници. Полицистичните јајници сигнализираат нередовни менструации кои доцнат, како и потешкоти при слабеење и чуден раст на влакната. Обратете се кај доктор за секој случај.

4. Потење среде ноќ

Освен ако не е топло во собата, будењето среде ноќ во пот може да биде сигнал дека имате ниско ниво на естроген или ретка овулација – перименопауза. Перименопаузата може да започне и 10 години пред менопаузата. Појдете на лекар и проверете за што точно се работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар