4 верзии на лимонадата

Испробајте го овие четири верзии на лимонадата кои добро ќе ви дојдат за освежување во летните денови.

Лимонада со босилек

4 верзии на лимонадата

Потребни состојки:
  • 6 лимони
  • 1 литар вода
  • 200 грама шеќер
  • 8 ливчиња босилек (или повеќе ако сакате)
Начин на подготовка:

Мешајте ги исцедениот лимонов сок и шеќерот додека да се соединат. Во нив додајте ги ливчињата босилек и истолчете ги за да се почувствува нивниот вкус. На крајот додајте ја водата, промешајте за да се соединат и послужете.

Лимонада со праски

4 верзии на лимонадата

Потребни состојки:
  • 6 лимони
  • 1 литар вода
  • 150 грама шеќер
  • 3 средно големи праски
Начин на подготовка:

Ставете ги праските, водата и шеќерот во сад на среден оган додека почнат да вријат, а потоа оставете ги уште три минути полека да крчкаат на тивок оган. Смесата што ќе ја добиете измешајте ја во блендер, па оставете ја да отстои во него 20 минути. Потоа префрлете ја во голем сад и оставете ја во фрижидер три часа. Потоа процедете ја смесата така што ќе ви остане само течноста, и на крај во неа додајте го сокот од лимоните. Послужете со мраз.

Лимонада со мајчина душица

4 верзии на лимонадата

Потребни состојки:
  • 6 лимони
  • 1,5 литри вода
  • 150 грама шеќер
  • 1 шака свежа мајчина душица
  • краставица за декорација
Начин на подготовка:

Ставете ги шеќерот, мајчината душица и 250 мл од водата во сад на оган да зовријат и мешајте додека се стопи шеќерот. Сокот од лимоните измешајте го со останатата вода, а потоа сè заедно ставете во еден сад и оставете го во фрижидер за добро да се излади. Украсете со краставица и мајчина душица.

Лимонана – лимонада со нане

4 верзии на лимонадата

Потребни состојки:
  • 6 лимони
  • 0,5 литри вода
  • 100 грама шеќер
  • 2 шаки ливчиња нане
  • мраз
Начин на подготовка:

Ставете го шеќерот со 250 мл вода на оган за да се соединат. Мешајте повремено, а потоа оставете да се излади на собна температура. Потоа ставете ја оваа вода во блендер и додајте ги сокот од лимоните, нането, останатата вода и мразот. Кога ќе завршите со блендирање, лимонаната е спремна за сервирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. jovan Reply

    Limonada so Ajducka treva… 3 limoni, 400grama sheker, 1 paketce limontuz i 5 litri voda… probaj domashen Shwapss.

Остави коментар