4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

Доколку некогаш ви се случило да испиете малку повеќе црвено вино, сигурно сте се соочиле со ужасните последици утредента. Сува уста, непријатен вкус во усната празнина, желба за мрсна храна и страшна главоболка од која мислите дека ќе ви прсне главата. Овој мамурлак е доволна причина да ве натера да решите дека никогаш повеќе нема да пиете црвено вино.

4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

Сепак, не мора да се откажувате од вашиот омилен алкохолен пијалак. Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да ја спречите главоболката од црвено вино. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

1. Мед

Според едно истражување спроведено на Медицинскиот универзитет во Кина, слаткиот додаток што го ставате во чајот содржи фруктоза, а таа може да помогне при разградување на алкохолот во крвта. Нареден пат кога ќе претерате со виното, изедете една (или повеќе) лажици мед.

2. Пијте повеќе вода

Сите знаеме дека алкохолот дехидрира. Па така, доколку испиете цело шише вино без вода, ќе се соочите со ужасни мигрени утредента. Задолжително пијте вода заедно со виното и пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. На ова правило особено обрнете внимание во деновите кога знаете дека ве чека вечер исполнета со многу вино.

4 совети кои ќе ви помогнат да ја спречите главоболката предизвикана од црвено вино

3. Сменете го виното

Нема да ви додеваме со комплицирани научни податоци, но она што треба да го знаете е дека танинот е основната компонента на грозјето што се користи за виното да добие покомплексен вкус. Меѓутоа, танинот исто така е и главниот причинител на главоболките. Така што, доколку имате чести проблеми со мигрени, држете се до белото вино или до вината со малку танин.

4. Пијте полека

Лесно е полека да се испие чашата вино пред спиење. Меѓутоа, кога се работи за некој поголем собир на луѓе, чашата вино може да се претвори во четири за помалку од два часа. Внимавајте колку вино си ставате и не брзајте при пиењето, туку земајте мали голтки. Тоа ќе ви помогне да ги спречите последиците од црвеното вино утредента.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар