4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоред

Секојдневно одвојувате време за да си проверите имејл и да вежбате. Вашиот распоред е преполн со закажани состаноци. Но, дали сте знаеле дека би можеле да бидете уште попродуктивни, креативни и среќни кога би ги испланирале и неочекуваните работи? Не велиме дека треба да ја организирате секоја секунда од денот, но вметнете ги следниве неколку активности во вашиот распоред и ќе видите како животот ќе ви стане значително подобар…

4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоред

1. Време за зјапање во празно

Извршниот директор на LinkedIn, Џеф Вајнер одвојува 2 часа дневно за размислување. Опра само седи на стол минимум 10 минути секое утро. Милијардерот Варби Паркер поминува 90 минути секој ден не правејќи ништо. Не ви треба апликација. Не мора ни да медитирате. Поентата е да не правите ништо. Останете таму каде што сте и опуштете се.

2. Време за грижење

Секој ден одвојувајте малку време за да се фокусирате на вашите грижи. Идеално е тоа да биде секогаш во исто време и на исто место. На овој начин, кога ќе дојде време за спиење, вие веќе ќе имате размислено за сите работи што ви предизвикуваат анксиозност. Најважно е да бидете продуктивни додека се грижите, без разлика дали тоа значи дека ќе ги запишувате вашите мисли и грижи, ќе направите листа на обврски или активно ќе се обидете да ги решите проблемите што ве загрижуваат.

4 секојдневни работи за коишто треба да одвоите време во вашиот натрупан распоред

3. Време за секс

Науката вели дека постои директна врска помеѓу водењето љубов најмалку еднаш неделно и среќата на партнерите. Можеби идејата дека треба да го закажувате сексот не ви делува многу романтично, но не мора да бидете премногу прецизни. Не мора да одредите ден во денот кога ќе мора да имате секс, без разлика колку сте уморни и колку обврски имате. Наместо тоа, планирајте го сексот на следниов начин: „Ако се разбудам порано, пред децата, кој било ден во текот на неделата, јас ќе иницирам на секс“, или „Секогаш кога децата спијат, ќе имаме секс“ или „Викендите се време за секс“. Бидете отворени за повеќе опции и тоа несомнено ќе ја зголеми бројката на вашите неделни сексуални односи, без да ви наметне голем притисок.

4. Време за децата

Психијатарот Алвин Роузенфелд ги советува родителите дека тие и децата треба да имаат доволно слободно време за да можат имаат заеднички креативни активности. Треба да поминуваат време без никаква цел, да им кажуваат на децата дека ги сакаат. Ако детето се чувствува сакано, пречките на патот никогаш нема да ги поразат. Секако дека можете да го ограничите времето за играње. Ако мислите дека треба да си играте со часови, тоа може да ви предизвика одбивност. Но, ако одвоите по 5 минути дневно или половина час неделно за играње со детето, оваа активност нема да ви делува како голема обврска. Ако не уживате во игрите со децата, најдобро би било да поставите временско ограничување.

Прочитајте и како да направите листа со чија помош 2018-та година ќе стане најдобрата година досега.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар