4 реченици кои вашиот тажен пријател не сака да ги чуе

Без разлика колку се добри вашите намери, додека тешите тажен пријател или пријателка, понекогаш можете да кажете и нешта кои повеќе одмагаат отколку што помагаат. Според советите на психологот Андреа Бониор, овие четири се најлошите од нив.

4 реченици што вашиот тажен пријател не сака да ги чуе

„Знам како се чувствуваш“

Не знаете. Не ни можете да знаете како таа личност го доживува она што ѝ се случува, макар и да сте поминале низ истото. Може да гледате со многу емпатија на тоа, но вие сте две различни личности со различни карактеристики кои различно ги доживуваат работите. На крај, може да изгледате како некој кој користи нечија несреќа за да може да зборува за сопствените лоши искуства. Оној кој е тажен нема да биде посреќен ако и вие некогаш во минатото сте биле тажни.

„Господ така сакал“

Или дека така требало да биде. Дури и ако смета дека работите се предодредени да се случуваат на извесен начин, избегнувајте ја оваа фраза. Таа прави да изгледате како да сте ја сфатиле судбината за нивниот живот, а во тие тешки времиња кога животот нема многу смисла, на вашиот/ата пријател/ка сигурно му се доведени сопствените верувања во прашање.

„Кажи ми ако ти треба нешто“

Се разбира дека имате најдобра намера кога го кажувате тоа, но треба да имате предвид дека со тоа одговорноста за пружањето помош ја префрлате на вашиот пријател. Ако е некој кој тешко се осмелува да побара нешто од другите, работите стануваат уште покомплицирани. Помогнете без тоа да биде барано од вас одново и одново.

„И ова ќе помине“

Да, ќе помине, а додека да помине некој ќе чувствува болка. Оваа фраза сигурно нема да ја намали таа болка.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар