4 работи што жените треба да ги запаметат кога ќе се чувствуваат „скршено“

4 работи што жените треба да ги запаметат кога ќе се чувствуваат „скршено“

Ви се случило ли некогаш да се чувствувате „скршено“? Овој збор звучи многу болно, но денес сѐ повеќе жени го користат за да опишат како се чувствуваат однатре. Во ваква ситуација, тие не само што се повредени и тажни, туку и не знаат како да се ослободат од тие емоции. Кога некој човек ќе се скрши, тоа значи дека заглавил на едно место и не знае како да продолжи понатаму. Меѓутоа, постои можност да се надмине ова негативно чувство и да се врати стабилноста во животот. Ова се 4-те работи што треба да ги направите доколку се чувствувате „скршено“…

4 работи што жените треба да ги запаметат кога ќе се чувствуваат „скршено“

1. Сфатете дека мажите и жените поинаку ги искажуваат емоциите

Жените најчесто почнуваат да се чувствуваат лошо ако добијат впечаток дека не можат да се поврзат со партнерот на емоционално ниво. Можеби сакате да му кажете на партнерот како се чувствувате, но тој постојано се обидува да ја смени темата. Најпрво треба да разберете дека мажите и жените поинаку ги сфаќаат емоциите на невролошко ниво. Жените доживуваат промена во мозокот на возраст од 17 години кога нивниот церебрален кортекс почнува да ги процесира негативните емоции, што им овозможува да размислуваат за нивните чувства и да ги искажуваат преку зборови.

Мажите не поминуваат низ истата промена во тој период од животот. Според тоа, ако мислите дека не можете да се поврзете, тоа не значи дека сте скршени. Тоа само значи дека треба повеќе да се потрудите за да се разберете што сакате и двајцата од врската.

2. Не ја потценувајте моќта на позитивните афирмации

Единствената личност која може да ви помогне сте вие самите. Никој нема поголема моќ да предизвика позитивна промена кај вашето тело и ум. Ова можете да го направите со помош на афирмации кои треба да ги кажувате на глас. На почеток ќе ви биде чудно кога ќе си велите „Си го обожавам телото“, но постојат голем број истражувања кои докажуваат дека повторувањето на овие позитивни реченици одново и одново ќе го убеди вашиот мозок да поверува во нив. Ако сакате да си помогнете себеси, направете го првиот чекор со тоа што ќе си кажете дека можете да го направите тоа.

4 работи што жените треба да ги запаметат кога ќе се чувствуваат „скршено“

3. Запрашајте се што добивате од тоа што се чувствувате „скршено“

Ова е малку потешко, но многу е важно да не ги одбегнувате ваквите тешки прашања. Треба сериозно да размислите кои се придобивките од овие негативни чувства. Инстинктивно ќе ви дојде да одговорите „Нема никакви придобивки!“, но дали овој одговор е искрен? Честопати, кога се чувствуваме „скршено“ си даваме дозвола да измислуваме изговори. Се предаваме и се преправаме дека сме немоќни и беспомошни, затоа што невозможно е да промениме нешто. Ако се чувствувате „скршено“, запрашајте се дали навистина страдате толку колку што мислите или само си наоѓате оправдување за да се извлечете од некои обврски и одговорности.

4. Сменете ја вашата дефиниција за „совршенство“

Многу жени се чувствуваат „скршено“ затоа што не се задоволни со самите себе. Мислат дека имаат премногу недостатоци, дека не ги исполнуваат сопствените очекувања и поради тоа се чувствуваат лошо. Но, вистината е дека тие имаат погрешен концепт за совршеноста. Зошто мора совршеноста да биде еден вид митолошки идеал? Зошто да не се прифати идејата дека исполнетиот живот е совршен живот? Тоа значи дека ќе треба да го прифатите секој дел од себе, сите ваши недостатоци. Ако научите да се сакате себеси целосно, онакви какви што сте, ќе можете да ја залепите скршената пукнатина и да продолжите понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар