4 работи што жените не им ги должат на мажите

4 работи што жените не им ги должат на мажите

Секоја девојка кога била мала ги слушала приказните за убавите принцези кои евентуално го наоѓале својот принц. Но, реалноста е поинаква. Не се сите мажи добри, а жените во 21-виот век мораат да работат за себе и да бидат независни.

4-raboti-koi-zhenite-ne-im-gi-dolzhat-na-mazhite-kafepauza.mk

Но, светот очекува многу повеќе од жените и кога тие не ги исполнуваат овие очекувања може да станат жртви на навреди, па дури и на физичко насилство. Навистина е застрашувачко сознанието дека некои мажи измачуваат други луѓе и тоа само поради нивниот пол. Ако постои нешто кое жените им го должат на мажите, тоа се најосновните работи кои се очекуваат од сите, како почит, признание и култура. Погледнете ги работите кои никоја жена не им ги должи на мажите.

1. Секс

Ниту една жена не е должна да има секс. Да, жените ги сакаат своите тела, се грижат за нив, се хранат здраво и носат убава облека. Но не го прават ова за мажите, туку за себе – нивната цел е да се чувствуваат убаво во својата кожа. Се разбира, и жените имаат сексуални желби но никогаш не се должни да бидат со некого само затоа што се жени.

2. Добрина и насмевки

Жените немаат должност постојано да бидат фини и насмеани. Ако не се однесувате добро со нив, не го очекувајте тоа за возврат. Добрината е нешто што се заслужува, а не нешто што жените им го должат на другите. И тие имаат емоции, проблеми, променливо расположение… Па кога некоја жена е добра кон вас тоа не значи дека имате слобода да правите со неа што сакате.

3. Одбивање

Можеби сте најубавиот маж на светот, со добра работа и со многу таленти. Но, секоја жена има право да ве одбие. Во ред е да ја побарате причината за одбивањето, но таа не е должна да ви даде објаснување. И секако, ако една жена ве одбила, не значи дека и другите ќе го направат тоа, но оваа постапка во никој случај не ви дава право да ја навредувате.

4. Разговор

Само затоа што се жени, не значи дека постојано им се разговара. Разговорот е избор, а не обврска. Понекогаш и жените не се расположени за разговор, па почитувајте го тоа.

И жените се луѓе, и тие имаат свои животи и проблеми. Почитувајте ги и сакајте ги ако го сакате истото за возврат.

Погледнете и однесувањата на мажите кои не треба да ги трпи ниту една жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар