4 работи кои ги нервираат сите мажи во врска

Кавгите не се воопшто удобни појави во една врска, но доколку двајцата партнери се обидат да ги решат недоразбирањата на вистинскиот начин, можат да донесат многу корисни последици. Сепак постојат одредени ситуации, кои никако не ѝ помагаат на врската, туку само ја разгоруваат негативната енергија. Доколку сакате да ги избегнете лошите кавги со вашиот партнер, добро размислете за вашите реакции. Ова се четири ситуации кои ги излудуваат машките во врска.

4 работи кои ги нервираат сите мажи во врска

Памти па врати

Многу пати решените несогласувања, воопшто не се решени, а за тоа најмногу придонесуваат жените. За овие моменти најмногу влијаат некои ситуации од минатото, кои од некоја причина повторно испливуваат на површина. Доколку сакате да го одбегнете овој начин на насобирање негативна енергија, решавајте ги проблемите навреме, а работите од минатото нека останат таму.

Ултиматуми

Кавгите воопшто не се забавни, особено кога станува збор за „валкани игри“. Игрите со емоции можат да бидат многу опасни. Ултиматумите од типот „Ако продолжиш вака ќе раскинеме…“ не се никакво решение на проблемите, туку само можат да донесат полоша атмосфера и да создадат негативни емоции кај партнерот.

Муртење во тишина

Нема ништо полошо од тоа кога партнерот на кавгата реагира со муртење, притоа молчејќи. Иако ова е многу честа женска реакција, ни мажите не се исклучени. Доколку се однесувате ладно и резервирано за време на кавга, тоа дополнително ќе ги разгори страстите, а резултатот ќе биде нерешена кавга и дополнителни компликации. Прејдете преку вашата гордост и пробајте да ги решите проблемите, додека се свежи и актуелни.

Хистеричен напад

Истражувањата покажале дека мажите многу полошо се справуваат со стресот предизвикан од жестока расправија во врската, за разлика од жените. Причината е тоа што жените многу почесто зборуваат за своите проблеми со пријателките, додека мажите таквите ситуации ги држат во себе, а интимните разговори им се резервирани само за со партнерката. Токму поради тоа, кога ќе почувствувате блага хистерија поради одредена ситуација и потоа истата му ја пренесете на вашиот партнер, дадете му време да се запознае со ситуацијата која ве мачи, за да може да ви помогне.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар