4 причини зошто треба да пиете шампањ во текот на целата година

4 причини зошто треба да пиете шампањ во текот на целата година

Кога на часовникот одекнува полноќ, на Новата година ѝ посакуваме добредојде со чаша шампањ, односно пенливо вино. А потоа, забораваме на него сè до наредната Нова година. Шампањското крие неколку предности за здравјето, па нека една од вашите новогодишни одлуки биде што почесто да се засладувате со чаша од овој вкусен пијалак.

1-4-prichini-zoshto-treba-da-piete-shampanj-vo-tekot-na-celata-godina-www.kafeauza.mk_

1. Помага за здравјето на срцето

Шампањот е богат со растителни соединенија како што е полифенолот – силен антиоксиданс што го намалува крвниот притисок. Токму ова може да биде фактор кој ја намалува можноста за појава на срцеви заболувања.

2. Ја разубавува кожата

Јаглеродниот диоксид во шампањот ја прави кожата поцврста, а веќе спомнатите полифеноли го намалуваат црвенилото. Направете смирувачка купка од 230 милилитри млеко во прав, 100 грама морска сол за капење, 230 милилитри каков било шампањ и една лажичка загреан мед. Промешајте го сето ова, а потоа сипете го во кадата додека ја полните со вода. Кога ќе се наполни кадата, за дополнително уживање, посипете неколку ливчиња од ружа. Ова делува како природен омекнувач кој ја хидратизира и ѝ дава тон на кожата.

3. Го поправа расположението

Шампањот содржи траги од природни елементи кои го подобруваат расположението, секако, ако го пиете во умерени количини. За да го засилите неговото позитивно влијание, пијте го покрај оброк со риба. Вкусот на меурчињата совршено се надополнуваат со морската храна, а рибата која е богата со омега 3 маснотии, како што е лососот и скушата, се доста здрави и со самото тоа го подобруваат расположението.

4. Не дебелее

Во еден децилитар шампањ се кријат осумдесет калории што го прави еден од алкохолните пијалаци со најмалку калории, па така и наздравувањето со шампањ е здраво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар