4 причини за да јадете путер од кикиритки

Путерот од кикирики не се употребува многу во исхраната кај нас, но има многу причини за веднаш да го внесете во вашето мени.

4 причини за да јадете путер од кикиритки

Ги гради и обновува мускулите

Само две големи лажици путер од кикирики содржат вкупно 7 грама протеини, исто колку и едно јајце. Помага во изградбата на мускулите, како и во нивната обнова после напорните физички активности.

Го намалува гладот

Истата количина на путер од кикирики содржи само 2 грама диетални влакна, кои не се многу, но во комбинација со протеините можат подолго да ве одржат сити. Исто така, помагаат за подобра апсорпција на останатите диетални влакна внесени во истиот оброк. Затоа е доста добар избор ако ви се јаде пред да легнете да спиете.

4 причини за да јадете путер од кикиритки

Намален ризик од срцеви заболувања

Заситените и незаситените масти во путерот од кикирики се во ист сооднос како и маслиновото масло. Тоа се здрави маснотии кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Други здравствени придобивки

Путерот од кикирики е богат со Б и Е витамини, а од минералите содржи калиум, магнезиум, цинк, фосфор, калциум и бакар. Овие состојки придонесуваат пред сè за подобра работа на мускулите, нивна обнова, поздрави заби и коски, како и посилни нерви.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар