4 причини поради кои немате пари

Знаеме дека немате пари затоа што сте млади и невработени или млади и несоодветно платени. Парите никогаш не стигнуваат за сè, првенствено заради такви причини, но и поради оние кои следуваат а често се занемаруваат како неважни.

4 причини поради кои немате пари

Трошите затоа што и другите трошат

Сте излегле во дискотека и другарите сакаат да нарачате цело шише вотка, а тоа ќе го пресуши вашиот буџет. Или, пак, купувате смартфон затоа што сите имаат смартфон и „не личи“ и вие да немате. Така, и она малку што ви останува оди во неврат за непотребни работи.

Користите автомобил

Автомобилот е погодно средство за поминување на подолги дистанци, но не е неопходен за во град. Во поголемите градови има јавен превоз, а помалите може лесно да се поминат пешки. Добра опција е и велосипедот. Со него побрзо се совладуваат гужвите во сообраќајот и не троши пари како автомобилот. Деловите кои се заменуваат се неспоредливо поевтини, а не троши ниту гориво.

Се коцкате

Никој не се збогатил во обложувалница или казино. Парите кои ги „вложувате“ таму би можеле да ги искористите за многу други задоволства за кои тврдите дека ви се скратени поради скромниот буџет.

„Ќе платам од кредитот“

Кредит се зема за инвестирање во нешто, а не за трошење во непродуктивни цели. Трошење пари од кредит е трошење пари што ги немате. Кај нас не е невообичаено редовни трошоци да се плаќаат од кредит затоа што, како што утврдивме, парите никогаш не стигнуваат, но размислете барем за тоа дали навистина тој трошок е неопходен или може да се живее и без него. Подеднакво голема грешка е и доколку не знаете со каква камата ги враќате кредитите. Зависно од условите, тие можат да се менуваат и ќе загубите контрола над тоа колку всушност пари имате на располагање.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Или ништо од горенаведеното, туку зашто ниските македонски плати не соодведствуваат со животниот стандард. Едноставно.

Остави коментар