4 правила за чување брада... доколку сакате повторно да бакнете девојка

4 правила за чување брада… доколку сакате повторно да бакнете девојка

Повеќе од половина жени не сакаат да бакнуваат мажи со брада. Факт е дека останатите жени се сепак доволно бројни за да можат мажите со брада да си најдат партнерка која ќе го прифати нивниот имиџ. Но проблемот не лежи само во изгледот со или без брада.

4 правила за чување брада... доколку сакате повторно да бакнете девојка

Брадата носи голема одговорност – и таа треба да се негува и да се одржува чиста, барем ако сакате повторно да ја бакнете девојката со која се запознавте викендов во град.

1. Чиста, уредна, кратка и исчешлана

Набавете си ги потребните алатки за одржување на вашата брада или пак спријателете се со локалниот бербер. Исто така, внимавајте да не ви се заплеткува нешто во неа, особено храна – тоа делува толку одбивно. Чувајте ја брадата кратка и добро средена за да изгледате модерно и младешки. Долгата неуредна брада дава сосема спротивен ефект и може да ви додаде 10 години. Долгите бради се за волшебниците. А вие не сте волшебник.

2. Небричената брада не значи дека чувате брада

Како што самото име кажува, брадата која ќе ја оставите да ви порасне 4-6 дена откако сте се избричиле не е брада која ја чувате. Таа ја иритира кожата на девојката која ја бакнувате и ѝ создава непријатно и болно чувство. Девојките може да го прифатат вашиот имиџ со брада, но и понатаму сакаат да си ја задржат кожата на лицето.

3. Брадата се состои од влакна

…а тоа значи дека треба да ја миете исто често колку и косата. Треба да користите препарати за одржување исто како што тоа девојките го прават за нивните долги коси. Иако постојат специјални шампони и кондиционери за бради, можете да ги користите и обичните, оние кои веќе ги имате дома. Можете да прескокнете да ставите кондиционер на косата, но на вашата брада сепак ќе ѝ треба. Девојките кои сакаат и прифаќаат брада, сакаат меки бради.

4. Вашата брада и бакнувањето

Доколку сте се запознале со вашата девојка додека сте чувале брада, во предност сте и можете да издејствувате да продолжите да ја имате. Но, ако ви текнало да пуштите брада подоцна, и таа навистина ја мрази, бидете добар и избричете ја. Среќата на вашата девојка е поважна од вашата брада.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Горјан Reply

    Куп бескорисни информации!

    Камо совет за начини на одржување, препарати и каде да се набават и слично

Остави коментар