4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

Велат неверството е полесно да се опрости отколку да се заборави. Еве 4 прашања кои задолжително треба да ги поставите доколку планирате да го направите првиот чекор кон надминувањето на оваа непријатна состојба.

4 прашања кои треба да ги поставите пред да простите неверство

1. Дали било само еднаш?

Временскиот период е многу важен, иако можеби би рекле дека неверство си е неверство и секако подеднакво боли. Не е лесно да се преболи дури и ако се случило само еднаш, но долготрајните афери значат изневерување и на физички и на емоционален план. Ова второво ги прави работите многу посериозни и потешки.

2. Дали прељубникот признал?

Многу е важно дали тој што изневерил сам му кажал на партнерот или вие сте дознале на друг начин, преку трети лица или чепкајќи по неговиот мобилен. Чувството на предавство е многу полошо доколку се работи за вториот начин.

3. Ќе ви даде ли простор и време за да простите?

После ваква случка, најдобро е да се остави малку време за да слегнат работите и за да можете двајцата да размислите за постапките и ефектите кои тие ги имаат врз чувствата. Оној што го извршил неверството треба да биде трпелив и подготвен да помине низ природниот процес на надминување на таквата случка, а не да брза и да сака да го прескокне тој дел за да се вратат работите што побрзо во нормала. На тој начин и прељубникот самиот ќе има време да размисли за причините кои довеле до самата потреба за неверство.

4. Дали ќе можете да заборавите?

Опростувањето е полесниот дел. Заборавањето од друга страна… Да се заборави е тешко дури и ако сторителот на неверството се кае и ветува дека никогаш повеќе нема да го стори тоа. Но, едно е сигурно, ќе има многу моменти кога и тоа како ќе се сомневате во верноста на партнерот. Ова дури може да ве доведе до параноја. Па дали сте спремни да тргнете по тој пат?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар