4 одлични трикови со чија помош можете што подолго да го задржите вашиот темен тен

4 одлични трикови со чија помош можете што подолго да го задржите вашиот темен тен

Доколку сте биле на летен одмор и сакате да го задржите што подолго вашиот прекрасен бронзен тен, тогаш погледнете ги следниве 4 едноставни начини на кои можете лесно да го направите тоа…

4 одлични трикови со чија помош можете што подолго да го задржите вашиот темен тен

1. Правете пилинг

Само горниот слој на вашата кожа е темен, па бидејќи тој паѓа на секои 2 недели правете еднаш неделно пилинг со цел да спречите да ви падне горниот слој на кожата. Исто така, доколку сè уште не сте биле на одмор, пред да одите добро е да направите пилинг на целото тело.

2. Пијте повеќе вода

Внимавајте на количеството вода кое го внесувате во вашето тело, особено додека сте изложени на сонце или пак, кога ја губите водата преку потење. Кога кожата е сува, таа почнува да се лупи. Со цел да ги одржите нејзините клетки хидрирани, многу е важно да ги исхранувате и од внатре и од надвор. Тоа значи дека треба да пиете вода и да ја негувате кожата со помош на хранливи лосиони.

3. Избегнувајте депилација

Направете ја депилацијата пред летувањето, а за време на сончањето, па и потоа избегнувајте ја бидејќи на тој начин ќе го отстраните потемнетиот слој кожа. Исто така избегнувајте ги и оние производи за отстранување влакненца кои содржат салицилна и гликозна киселина.

4. Намалете го користењето гел при туширање

Искористете ја секоја прилика за хранење на вашата кожа. Еден од најлесните начини да го направите тоа е доколку го намалите користењето гел при туширањето. Доколку тоа ви е незамисливо, почнете да ги користите оние гелови кои се направени од природни состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар