4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат животот

Сте чуле ли за терминот „женско условување“? Тоа се однесува на одредените правила и верувања што повеќето жени ги негуваат за да бидат „добри“ жени во современата култура. Но, таквото условување ги спречува жените да го кажуваат своето мислење, да ги постигнуваат своите цели и да преземаат ризици. Размислете за следниве несвесни начини на однесување кои се доказ за угнетеноста на жените во секојдневниот живот…

4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат животот

1. Не си го сакаат сопственото тело

Формата и големината на телото ја одредува културната и личната вредност на жените. Тие веруваат дека не смеат да му дозволат на телото да старее нормално, бидејќи тоа би било како извршување злочин против општеството. Јадењето се смета за знак на слабост. Голем е бројот на жените кои имаат нарушувања во исхраната. Жените се воспитуваат на тој начин што мислат дека нивните тела се украси. Најважно е како изгледаат, сѐ друго е секундарно.

2. Веруваат дека женската добрина е синоним на пожртвуваноста

Жените учат дека мора постојано да даваат. Тие веруваат дека треба да ги ставаат другите луѓе пред себе, а понекогаш тоа подразбира да му дозволат некому да ја земе заслугата за нивниот труд. Секогаш мора да бидат фини и да се смешкаат. Еден од најголемите комплименти што жените можат да го добијат е дека се „несебични“. Тоа би значело дека воопшто не мислат на себе. Нема место за нив, за нивните мисли и верувања во светот на мажите. Од жените се очекува да бидат ветрот под нечии крилја.

3. Не го кажуваат своето мислење

„Добрите девојки“ се тивки, кротки, скромни и покорни. Ако се осмелат да го искажат своето мислење, несогласување или станат премногу гласни и впечатливи, веднаш добиваат етикета на остри, сурови, емотивни, хистерични, некултурни и неразумни. Жените кои ги побиваат ваквите предрасуди веднаш предизвикуваат силна реакција од јавноста.

4 несвесни „женски“ начини на однесување што можеби ви го уништуваат животот

4. Не ја користат моќта за донесување одлуки

Многу жени се вртат една против друга, наместо да се борат против стандардите што ги држат заробени. Колку често ги слушате жените како се критикуваат меѓу себе поради тоа што се премногу гласни, остри или дебели? Колку често се нарекуваат со погрдни имиња и си го критикуваат изгледот, мислењата или направените избори? Мажите не се единствените што ги критикуваат жените. Жените многу почесто го прават истото.

Па, како да ги надминеме овие проблеми?

Подигнувањето на свеста е првиот чекор што треба да се преземе. Жените најпрво мора да ги препознаат знаците на женското условување во општеството за да можат да се издигнат над овие проблеми.

Разговарајте за ова. Разговарајте за ова со другите жени. Кога ќе почувствувате дека не можете да го искажете вашето мислење, разговарајте за тоа што ви се случува со некому кому верувате. Дајте им име на вашите емоции. Кога ги именувате работите, тие ја губат нивната моќ. Помогнете им на жените околу вас да го сторат истото.

Остварување сестринство. Многу е важно да остварите сестринство со жените околу вас за да можете да разговарате за важните проблеми што ве измачуваат. Ако забележите дека некоја жена е нападната, одбранете ја. Бидете гласот на разумот во разговорите што се обидуваат да ве вовлечат во озборувања и остри осуди. Ова не е лесно да се направи, но ќе се чувствувате подобро кога ќе знаете дека сте го бранеле вашиот став.

Женското условување може да се искорени, но потребно е да се вложи многу труд. Прво мора да си помогнете себеси, а потоа и на жените што ги познавате. Можете да ги промените работите во општеството, само треба да станете свесни за проблемите и да ги решавате постепено, еден по еден.

За да си ја вратите женската сила, прочитајте ги следниве моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар